Промоција на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија во Јуроп Хаус


Денес на 10 септември, во 10 часот во Јуроп Хаус Фондацијата Метаморфозис, заедно со Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa ќе ја одржи Промоцијата на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија.   Настанот ќе започне со воведни обраќања и презентација на клучните наоди и препораки од извештајот, по што ќе следува панел дискусија …

Промоција на Извештајот во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија во Јуроп Хаус Read More »

Сончево и топло


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево и топло …

Сончево и топло Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 10 септември 2025 година, 253-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 112 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 18 часот и 52 минути. Денов трае 12 часа и 43 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

ЦУК: Македонија под огнена стихија, активни пожари во Липково, Гази Баба, Дрисла и Струга


На територијата на цела држава денес до 20 часот беа евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор. Четири од нив и натаму се активни и предизвикуваат најголема грижа, два се ставени под контрола, додека пожарникарите успеаја да изгаснат дури 18 огнени жаришта. Најголемиот проблем во моментов е во Липково и Гази Баба, каде што пламенот …

ЦУК: Македонија под огнена стихија, активни пожари во Липково, Гази Баба, Дрисла и Струга Read More »

Во обвинението за Хајрулахи пишува и „фрлање од 6. спрат“. Тој демантира


  Обвинителството поднесе обвиние против поранешниот шеф на скопското вишо обвинителство Мустафа Хајрулахи за пет кривични дела, меѓу кои и Малтретирање во службата, но и злоупотреба на службена положба. Истовремено, покренато е обвинение и против вишиот обвинител Јован Цветановски за делото Злоупотреба на службената положба и овластување. „По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, …

Во обвинението за Хајрулахи пишува и „фрлање од 6. спрат“. Тој демантира Read More »

Пожарот во „Дрисла“ го гасат десет противпожарни возила, а две цистерни на ЈП „Комунална хигиена“ носат вода


Десет противпожарни возила го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“ кој избувна попладнево. Како што информираше за медиумите Звонко Томевски, командант на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, била побарана помош и од ЈП „Комунална хигиена“ од каде што се пратени две цистерни за дотур на вода, тие се на локацијата и ги дополнуваат противпожарните возила. …

Пожарот во „Дрисла“ го гасат десет противпожарни возила, а две цистерни на ЈП „Комунална хигиена“ носат вода Read More »

Повторно редици пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, од дигитализацијата нема абер


Со документи, торби и куфери во раце, стотици студенти денеска чекаа ред пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат во нивните соби. И годинава како и минатите, вселувањето и приемот не се дигитализирани, па примените станари се принудени физички да чекаат ред со часови, додека стасаат до своите легла. Мета поразговара …

Повторно редици пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, од дигитализацијата нема абер Read More »

Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла


Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла, објави попладнево во Вибер група, Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.  „Повеќе информации од командатот на БППЗ Скопје, Звонко“, додаде Ангелов (Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, заб).  Ангелов вели дека пожарот  не е алармантен. БППЗ Скопје работи на негово гаснење. Гаснењето на било која депонија …

Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла Read More »

Пуштен во употреба системот за фекална канализација во месноста Плац во општина Илинден


Денеска беше пуштен во употреба системот за фекална канализација во месноста Плац, во Општина Илинден.️ Со реализација на овој проект конечно после долг период жителите од влезот на Илинден ќе добијат систем за фекална канализација, со што ќе се реши нивниот голем проблем со постојаните поплавувања на нивните дворови и објекти, информираше денеска преку социјалните …

Пуштен во употреба системот за фекална канализација во месноста Плац во општина Илинден Read More »

„Сите за Палестина“ на протест пред МНР: Стоп за македонскиот молк за геноцидот во Газа


Иницијативата „Сите за Палестина“ денеска во 18 часот ќе организира протест пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија како солидарност со палестинскиот народ пред почетокот на 80-то Генерално собрание на ОН, каде ќе учествува и македонска делегација. Од иницијативата апелираат дека треба да запре молкот пред геноцидот во Газа и повикаа граѓаните да се …

„Сите за Палестина“ на протест пред МНР: Стоп за македонскиот молк за геноцидот во Газа Read More »

Толку од грижата за „македонштината“ – Македониумот во Крушево поплавен и скапува (Видео)


  Снимката што ја објави Дојче веле за тоа како извонредниот споменик – Македониумот во Крушево – скапува поплавен од вода е во силен контрапункт со залагањето на властите за промовирање на макдеонската борба за независност. Македониумот е еден од клучните симболи на борбата на македонскиот народ за сопствена држава. Но сега тој пропаѓа и …

Толку од грижата за „македонштината“ – Македониумот во Крушево поплавен и скапува (Видео) Read More »

Шукова ќе го чисти Вардар, ќе ја изгради пречистителната станица за отпадни води во Трубарево


Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека поради блокадата на ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска е блокирана изградбата на Пречистителната станица во Трубарево. Шукова изјави дека Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води од канализација, кои директно завршуваат во реката Вардар, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и …

Шукова ќе го чисти Вардар, ќе ја изгради пречистителната станица за отпадни води во Трубарево Read More »

За каков настан Владата купува бина и опрема за превод за милион евра, прашува СДСМ


  Генералниот секретаријат на Владата, со потпис на Игор Јанушев, склучил договор тежок речиси милион евра за озвучување на отворен простор, осветлување на отворен простор, видео ѕидови, бина, конструкција за покривање бина, опрема за симултан превод и техничка поддршка, објави денеска Јовица Јанковиќ од СДСМ на прес-конференција. „Иако власта сака да претстави дека опремата е …

За каков настан Владата купува бина и опрема за превод за милион евра, прашува СДСМ Read More »

СДСМ: Уште колку лаги ќе каже Орце Ѓеорѓиевски за Скопје


  Она што требаше да биде голема пропагандна алатка во изборната кампања може да се претвор во автогол за Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Ѓеорѓиевски објави дека познатиот фестивал „Егзит“ од Нови Сад ќе дојдел во Скопје – акот тој победел на изборите. „Орце Ѓеорѓиевски уште еднаш покажува дека за него …

СДСМ: Уште колку лаги ќе каже Орце Ѓеорѓиевски за Скопје Read More »

Стајковци почна да селектира пластика и лименки, a Вардариште тлее


Во Стајковци денеска почна  првиот пилот проект во државата за селекција на ПЕТ амбалажа и лименки во домаќинствата. – Заедно со Центарот за климатски промени, ја отпочнуваме оваа важна еколошка иницијатива како дел од поширокиот проект „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена агенда за Западен Балкан“. Денес им ги поделивме кантите за селекција на …

Стајковци почна да селектира пластика и лименки, a Вардариште тлее Read More »

Фестивалот „Егзит“ не вели дека доаѓа во Скопје, како што се пофали Орце Ѓеорѓиевски


  Најавагардниот и најлетрантиве рок-фестивал во регионот – „Егзит“ од Нови Сад наеднаш влезе во предизборната кампања во Македонија откако кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави дека бил постигнат договор главниот град од следната година да стане негова нова дестинација. Во неговата изјава има важна клаузула – проектот би се реализирал …

Фестивалот „Егзит“ не вели дека доаѓа во Скопје, како што се пофали Орце Ѓеорѓиевски Read More »

Ќе нема веќе бесплатно влегување во ЕУ, од 12 октомври нов граничен режим и кон соседите


Од Министерството за внатрешни работи најавуваат навремено и целосно информирање на граѓаните за новите правила при патување во ЕУ, што според најавите стапуваат во сила од 12. следниот месец, за да нема застои на патните премини. Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска на новинарско прашање посочи дека се во постојана комуникација …

Ќе нема веќе бесплатно влегување во ЕУ, од 12 октомври нов граничен режим и кон соседите Read More »

Државата не знае ни колку возила поседува, а тешко регистарските таблички да ги замени со оние во боја до избори


Службените возила да добијат регистарски таблички во друга боја со цел да се препознаваат, односно да се спречи нивната злоупотреба, па во партиски цели да се возат на митинзи, одлучи неодамна Владата. Сепак, иако најавено сите службени возила да ги заменат табличките до 15 септември, тоа најверојатно нема да се случи. Имено, денеска, при промоцијата …

Државата не знае ни колку возила поседува, а тешко регистарските таблички да ги замени со оние во боја до избори Read More »

„2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија


Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар. На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ …

„2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија Read More »

Запален автомобилот на Чомбе во Кисела Вода


Ноќеска околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, пренесува „Слободен печат“.  Галетановски за порталот ја потврдил информацијата, објаснувајќи дека автомобилот му бил паркиран пред зградата во која живее во скопската населба Кисела Вода. Полицијата вршела увид, …

Запален автомобилот на Чомбе во Кисела Вода Read More »