ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево


На територијата на државава денеска до 18 часот има четири активни пожари, два се под контрола, додека 12 сe изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во селото Виниче, местото викано Муратица, (каде гори нискостеблеста шума), во општината Гази Баба, 
селото Пeтрово на Кожув планина (каде гори букова шума) во општината …

ЦУК: Под контрола се пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево Read More »

МЖСПП: Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници


Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, ја информира јавноста за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.   Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀): просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала …

МЖСПП: Квалитетот на воздухот во Трубарево во рамки на дозволените граници Read More »

Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“


Владата ќе одвои 700.000 евра за реконструкција на кумановска „Соколана“, информираше денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, министри, пратеници го посети најстариот спортски комплекс во градот. Објектот ќе го задржи автентичниот изглед. – Сакам да изразам задоволство што сум еве денеска заедно со градоначалникот овде во Куманово, …

Владата ќе обезбеди 700.000 евра за реконструкцијата на најстариот спортски комплекс во Куманово „Соколана“ Read More »

Конечно, повторно ќе се полагаат возачки испити во Битола


БИТОЛА – Почнува полагањето на испитот за возачка дозвола во Битола откако повеќе од еден месец беше прекинато поради недоследноста на работата на фирмата Авто мото испитен центар „Супер возач“ ДООЕЛ Битола. Од правното лице „Супер возач“ ДООЕЛ Битола кое организира и спроведува испити за возачи на моторни возила за сите категории и национални категории …

Конечно, повторно ќе се полагаат возачки испити во Битола Read More »

Куманово со 12 милиони од унгарскиот кредит асфалтира улици, ќе гради градинка и мост


 За Куманово од централниот буџет одвоени се околу 12 милиони евра, соопшти денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој заедно со министри, пратеници и со градоначалникот на Куманово, ја посети „Соколана“. – Од централниот буџет, мислам дека се финансирани проекти во вкупна вредност од 11 до 12 милиони евра овде во Куманово. Мислам дека е …

Куманово со 12 милиони од унгарскиот кредит асфалтира улици, ќе гради градинка и мост Read More »

Протест пред МВР и Парк Жена Борец „Ниту една повеќе“


Утре, 18 септември, со почеток во 17:30 часот, Mрежа Стела, Коалиција Маргини. Медуза и Реактор, организираат протест пред МВР и блокада кај Жена Парк Борец во 18 часот, како заеднички крик против колективниот крах на системот кој дозволува да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди. „Ве повикуваме да кажеме јавно и …

Протест пред МВР и Парк Жена Борец „Ниту една повеќе“ Read More »

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК (видео)


Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за неповедување постапка за Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија. Подносители на иницијативата до Уставниот суд се …

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК (видео) Read More »

Се гради првата спортска сала во населбата Припор


Денес беше направен увид во градежните работи за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Новиот објект ќе биде сместен во дворот на ПОУ „Круме Кепески“ и ќе се простира на 500 квадратни метри, со рок за изведба од две години. Проектот е овозможен со поддршка од …

Се гради првата спортска сала во населбата Припор Read More »

Службените возила и на општина Аеродром добија регистарски таблички во боја – Митески се пофали дека поминал 0 километри со службено возило


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска информира дека и пред официјално да се усвои новата мерка за ограничување на користењето на службените возила на општините, тој веќе го следел истиот принцип, односно дека сите обврски ги завршувал со велосипед или со приватен автомобил. „Да се биде градоначалник е чест и привилегија, не начин за …

Службените возила и на општина Аеродром добија регистарски таблички во боја – Митески се пофали дека поминал 0 километри со службено возило Read More »

Затрупувањето на локацијата по пожарот во Трубарево го отежна увидот


Извршен увид по пожарот во Трубарево септември 17, 2025 13:17 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија се преземаа како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација. …

Затрупувањето на локацијата по пожарот во Трубарево го отежна увидот Read More »

Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д


 Во јули годинава преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се исплатени 1.022.217.192 денари ( 16,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола ).  Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, во јули изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички …

Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д Read More »

Пресудата за д-р Мери Пешевска, што призна вина за „Онкологија“, ќе се изрече на 22 септември


Основниот кривичен суд Скопје пресудата за второобвинетата за случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска која призна вина ќе ја објави на 22 септември. Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, и уште двајца онколози е обвинета за несовесно лекување пациенти. За делото што и се става на товар на Пешевска е предвидена …

Пресудата за д-р Мери Пешевска, што призна вина за „Онкологија“, ќе се изрече на 22 септември Read More »

Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаа штети предизвикани од пожар


 Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаат штети предизвикани од пожарот кој зафати делови од преспанските села Долно Перово, Прељубје и Покрвеник. Како што е познато, големиот пожар на отворено, што се случи летово, на 11 јули предизвика оштетувања на јаболковите насади, пчелни семејства и други корисни површини во тој дел на Преспа. -Барањето …

Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаа штети предизвикани од пожар Read More »

АХВ почна со орална вакцинација на лисиците протиов беснило, внимателно движете се во природа


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 15 септември почна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип и се реализира со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од Агенцијата …

АХВ почна со орална вакцинација на лисиците протиов беснило, внимателно движете се во природа Read More »

Без струја делови од Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром. Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ – крак 20 во Усје во општина Кисела Вода, а …

Без струја делови од Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари Read More »

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари на отворен простор од кои активни остануваат четири и еден е под контрола.  Активни се пожарите кај селото Виниче во месноста викана Муратица во општина Гази Баба, кај селото Петрово на планината Кожуф, кај селото Никуштак во општина Липково …

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари Read More »

Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди


 Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер, над 60 километри на час. Кон крајот на денот облачност ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до …

Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди Read More »

Граѓаните на Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“


Семејствата, роднини, пријатели на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ вечерва на Градскиот плоштад во Штип со палење свеќи им одаваат почит на 62. жртви, меѓу кои и петмина штипјани. Градскиот плоштад „Слобода“ вечерва е полн со граѓани, кои со тага, болка и непребол им одаваат почит на загинатите во најголемата трагедија во поновата македонска историја, …

Граѓаните на Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ Read More »

Протестен „Марш за ангелите“: Не е доволно да се казнат неколку менаџери, што е со институциите?


Попладнево во Кочани се маршираше за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ – шест месеци по трагедијата. Роднините и пријателите на настраданите порачаа дека не е доволно да се казнат неколку менаџери, дека одговорноста е и на оние кои дозволиле да работи овој објект како дискотека. „Ова е трагедија што можеше и мораше да се …

Протестен „Марш за ангелите“: Не е доволно да се казнат неколку менаџери, што е со институциите? Read More »

Вечерва собир во Скопје за сеќавање на жртвите од пожарот во Кочани


Вечерва во Скопје ќе се одржи протестен собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи пред точно шест месеци. Собирот ќе се одржи на плоштадот во Скопје, со почеток во 20,16 часот. Организаторите, иницијативата „Кој е следен“, најавија дека вечерва на плоштадот …

Вечерва собир во Скопје за сеќавање на жртвите од пожарот во Кочани Read More »