Викендот ќе се одлучува дали ќе продолжат рестриктивните мерки


Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека ако има потреба мерките можат да се продолжат или да се модифицираат. -Нема да има ниту еден друг параметар или […]

На 28 април ќе стигнат 200.000 кинески вакцини, а на 19 и 26 април 20.000 вакцини од „Фајзер“


Од Амбасадата на НР Кина изутрината добивме потврда дека 200.000 кинески вакцини треба да ги очекуваме околу 28 април, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека на почетокот на следната недела се очекува да стигнат вакцини од компанијата „Фајзер“. Според најавата, како што појасни, на 19 април ќе стигнат 10.000 вакцини на […]

Се гради спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“ во Прилеп


Деновиве започна изградбата на долгоочекуваната спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп, соопшти градоначалникот Илија Јованоски. Салата ќе се протега на површина од 650м2, а со нејзината изградба се обезбедуваат и сите реквизити потребни за квалитетна реализација на наставата по физичко и здравствено образование. Спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ ќе биде погодна за […]

Електронски упис на првачињата – нова дигитална услуга од мај


Дигитализацијата е приоритет во новото време и затоа се воведуваат сè повеќе дигитални услуги на порталот e-uslugi.gov.mk. Тие се побрзи за корисниците зашто се минимизираат бирократските процедури, се намалува можноста од грешки од човечки фактор зашто автоматско е евалуирањето при рангирањето, нема дискрециски овластувања, протекционизам и корупција. Голем број е-услуги се достапни во областа на […]

ГРЕКО: С. Македонија целосно спроведе 13 од 25 препораки, најмногу за судиите, најмалку за изборите


Да се спречат ризиците од корупција во борбата против економските последици од Ковид-19,вели ГРЕКО, антикорупциското тело на Советот на Европа, во својот годишен извештај Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) на Советот на Европа, при претставувањето на својот дваесет и прв извештај за работата, повикува да се спречат ризиците од корупција како дел од мерките […]

МГ „Фешн“ нуди да изгради плоштад и фонтана на паркингот спроти „Холидеј ин“


За да се најде заедничко решение за просторот спроти хотелот „Холидеј ин“ во Скопје инвеститорот МГ „Фешн“ нуди да инвестира во изградба на плоштад од 7.322 квадратни метри кој се наоѓа во градежната парцела 1.4. Според важешкиот ДУП на оваа градежна парцела ссе предвидува фонтана со спомен обележје. Инвеститорот нуди решение за парцелата е уредување […]

Денеска нешто повеќе од 800 новозаразени, заразата стивнува


Министерот за здравство Венко Филипче вели дека третиот бран на заразата стивнува со оглед на тоа што вчера имавме околу 950, а денеска нешто над 800 новозаразени со Ковид-19. Вакцинацијата засега оди добро, а сега се вакцинираат постарите граѓани. – Во два часот денеска ќе се сретнеме со претставници на здравствените домови во шест града, […]

Оштетените штедачи на собир пред Уставниот суд, каде на дневен ред е иницијативата за член од Законот за банки


 Оштетените штедачи, физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка денеска организираа собир пред Уставниот суд, кој на денешната седница треба да расправа за иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки. -Денеска сме повторно пред Уставниот суд, со надеж дека конечно ќе преовлада правдата и ќе […]

Платформа за родова еднаквост: Институционалниот молк го охрабрува сексуалното вознемирување преку интернет


 Жените-активистки за човекови права од балканскиот регион бараат од надлежните институции да постапуваат согласно нивните овластувања за темелно и неодложно да го истражат случајот со групите на платформата Телеграм (како Balkan room, Јавна Соба, Гевгелија Хаб, Српска соба, Смоква и други), да ги санкционираат сторителите и заштитат жртвите од понатамошна виктимизација. – Точно една година […]

Министерски состанок на земјите членки на НАТО: Одлука за постепено повлекување од Авганистан од 1 мај


Сојузничките сили на НАТО од 1 мај ќе почнат со повлекување од Авганистан. Ова е одлуката на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска. Како што соопшти МНР, сојузниците на состанокот посочија дека очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје […]

Почнува вакцинацијата на граѓани под 75 години, бројот на новозаболени во благ пад


Благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 се бележи во државава. Според надлежните, мерките даваат резултат, а нивното евентуално продолжување ќе зависи само од индикаторите. Вакцинацијата засега се одвива успешно. Денеска почнува вакцинирање и на граѓани под 75 години, пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk“, или преку матичните лекари. Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје вчера […]

Конференција за дигитализација на услугите во областа на образованието


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе учествува на конференцијата „Дигитализација на услугите во областа на образованието“, на која ќе бидат презентирани изработените електронски услуги на Министерството, а ќе се дискутира и за придобивките од дигиталната трансформација во јавниот сектор. Конференцијата е организирана од Центарот за управување со промени и, како што е […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје  умерено облачно со слаб до умерен северен […]

Битолчанката Мила Ивановска избрана да студира на Харвард


БИТОЛА – Матурантката од Битола Мила Ивановска доби финансиска помош да студира на Универзитетот Харвард  во Соединетите Американски Држави. Мила ѝ е добро позната на битолската и македонската јавност како ученик во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ која на два пати се закити со високи награди на интернационални натпревари по природни науки во Холандија и Боцвана. […]

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Северна Македонија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска издаде указ за назначување на Невена Јовановиќ на позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Република Северна Македонија, објави белградскиот бизнис портал еКапија. Јовановиќ на оваа позиција доаѓа од позицијата Заменик-помошник министер за билатерална соработка во Министерството за надворешни работи на Р.Србија. На досегашната вонредна и ополномоштена […]

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН


На денешната прес конференција, компанијата инвеститор на проектот „Гранд“ Скопје, „МГ Фешн“, понуди соработка на Општина Центар за инвестирање во изградба на нов, урбан јавен простор од 7.322 метри квадратни, во градежната парцела 1.4 од проектот. Одговорните архитекти на проектот нагласија дека важечкиот ДУП на оваа градежна парцела не предвидува градба на објекти, туку само […]

Се истражува вмешаност на други вработени во МВР во аферата со пасошите


Основното јавно обвинителство го задолжило МВР  да  утврди кои организациски единици  требало да вршат надзор и како и кој сè од структурите во Министерството, освен обвинетите, имаат пристап до податоците кои биле злоупотребени во аферата „Двојник“. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинителен предлог против 11 лица за нелегалното издавање пасоши на странски државјани преку […]

Од КОВИД-19 починаа 33 лица, најмладиот на 25 години. Новозаразени 949, оздравеа 737 лица


Во последните 24 часа регистрирани се нови 949 случаи на Ковид-19, од вкупно направени 3.610 тестирања. Оздравени се 737 пациенти, а починаа 33 лица, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во Скопје регистрирани се 357 нови случаи, во Битола 85, Куманово 69, Прилеп 43, Велес 39, Охрид 36, Тетово 34, […]

Објектот „Гранд“ ќе има две станбени и една деловна зграда, без градинка


Инвеститорот „МГ Фешн“ на постојниот паркинг спроти хотелот „Холидеј ин“ планира да изгради три висококатници од по 16, 20 и 22 ката, од кои две мешани со станбен и деловен простор и една целосно деловна зграда. Училиште и градинка не се предвидени со проектот, но ако некој сака да отвори приватна градинка, ќе ја има […]