На инфективните оддели има 1762 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 64 хоспитализирани


Вкупно 1762 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 310 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. […]

Џафери на вонредна средба со координаторите на пратеничките групи


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери за попладнево свика вондредна средба со координаторите и претставниците на политичките партии во Собранието во врска со начинот и динамиката на продолжување на тековната работа на Собранието, пленарните седници и седниците на работните тела. Се очекува тој и претставниците на парламентарните партии да разговараат кога ќе […]

Институтот Пастер се надева дека ќе ги тестира своите антивирусни лекови врз луѓето „до крајот на април“


Институтот Пастер од Лил треба да добие овластување во рок од една недела за да го тестира својот третман против ковид-19 врз луѓето. Институтот ја доби етикетата „национален приоритет на истражување“ која ги обврзува Националната агенција за безбедност на лекови (АНСМ) и етичкиот совет да дадат свое мислење во рок од осум дена. Сега се […]

МОН со оглас бара автори и илустратори за наставни материјали


Министерството за образование и наука објави огласи за изработка на материјали за учење и за ликовни илустратори односно графички дизајнери за изработка на детски илустрации со што практично почнува подготовката на материјалите од кои ќе учат првооделенците од учебната 2021/2022. Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, како носител на процесот, […]

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија контаминираната почва од кругот на ОХИС


Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката ОХИС. Од малата депонија до почетокот на наредната година до колку дозволат условите со пандемијата, би се отстраниле првите количини од 700 тони контаминирана почва.   Ова како што информира портпаролот на Владата Душко Арсовски […]

Богдановиќ ќе искористи сè што му е на располагање, пред да даде дозвола за градба кај „Холидеј ин“


Општина Центар до Министерството за транспорт и врски уште во декември 2020 година доставила барање за суспензија на спорните Детални урбанистички планови, тврди градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ во интервју за МИА, кој смета дека од Министерството за транспорт и врски, како и од други институции треба да им се дообјаснат одредени методологии како […]

Средба на Ангелов со претставници од Националниот сојуз за планинско спасување


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов имаше средба со претставници од Националниот сојуз за планинско спасување на која се разговарало за спасување човечки животи во планина при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди. Како што соопшти ЦУК, на средбата присуствувале Константин Циривири од Здружението за заштита и […]

Нови 600 садници покрај реконструираниот паркинг на бул. „Јане Сандански“


Во пресрет на пролетта, продолжува раззеленувањето на Општина Аеродром, која со право го носи епитетот најзелена општина. Денеска се засадени 600 различни видови садници покрај реконструираниот паркинг на бул. „Јане Сандански“, со што дополнително се разубави овој простор. Станува збор за високоразгранети грмушки во вид на жива ограда, кои имаат способност да го апсорбираат загадувањето. […]

Архитекти, професори и граѓански организации бараат суспензија на ДУП-от спроти Холидеј Ин


    Неколку граѓански организации, универзитетски професори, архитекти и медиуми упатија јавен повик до премиерот Зоран Заев за поддршка на суспензијата од Општина Центар за Деталниот урбанистички план ЦО8 за паркингот спроти хотелот Холидеј Ин, како и други ДУП-ови во Општина Центар што не се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје.Во барањето се […]

Здравствените работници ќе го добијат бонусот од пет проценти овој месец, најави Филипче


Здравствените работници во текот на овој месец ќе го добијат покачувањето на плата од пет проценти за март, најави министерот за здравство Венко Филипче, појаснувајќи дека досега се барало начин како тоа формално правно да се направи. Потенцира дека на состаноци со претставници на Синдикатот на здравствени работници се дискутирало дали покачувањето може да биде […]

Нуредини: Се заложуваме за 51 процент редукција на стакленичките гасови до 2030 кон Парискиот договор


Со посебно задоволство информирам дека на вчерашната седница Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за клима, предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51 процент намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите […]

Од петок повремен дожд, во понеделник обилни врнежи


УХМР за утре најавува стабилно време, освен во северозападните планински подрачја, каде ќе има услови за провејување на снег. Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. Во понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места. 

Од индикаторите ќе зависи дали ќе продолжат рестриктивните мерки и по 20 април


Продолжувањето на сегашните рестриктивните мерки по 20 април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Ако има потреба – да, ќе ги продолжиме. Веројатно ќе разговараме викендов и на почетокот на идната недела и ќе ги следиме бројките и менаџирањето […]

Максимум 5.000 евра за лекување од Ковид – 19 во приватните болници, најави Филипче


Откако ќе се изгласа Законот за здравствена заштита со измените и дополнувањата, пациентите во приватните болници кои се лекуваат од Ковид – 19, ако е комплексно лекувањето и долго трае, максималната сума што треба да ја плати е 300 илјади денари, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Станува збор за сума што пацинетите […]

АВАЈА предлага државјанство да се дава со потврди од НВО


Врз основа на јавните информации изнесени во јавноста после преговорите помеѓу Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, во насока на разговорите за решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани меѓу кои се и Ромите, Аваја ја изнесува следната реакција и предлог решенија за […]

Владата преку кампања ќе ја подигнува свеста за потребата од вакцинација


Владата планира преку кампањи да ја подигнува свеста на граѓаните за потребата од имунизација, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој информира дека досега на веб страницата за вакцинација се пријавиле околу 140.000 лица. Министерот очекува сликата за нашата држава дека има мал број вакцинирани и малку заинтересирани за вакцинација, да почне да се менува со доаѓањето на новите […]

МЖСПП: Започнува чистењето на линданот од малата депонија во Охис


 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес го потпишa Решението за одобрување на Планот за ремедијација на локалитетот на ОХИС АД Скопје, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање. Имено, […]

Филипче: Има намалување на новодијагностицирани дневно


Денеска имаме повторно еден тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е околу 1.000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека […]

Фитнес клуб во Скопје работел и покрај забраната


 МВР информира дека вчера, по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот […]