Само четири новозаразени, еден починат со Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а се регистрирани  четири нови случаи на ковид-19 од, по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани.

Регистрирани се 68 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (80), кое починало во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.