Филипче: Ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем


На редовниот утрински состанок со директорите на ковид – центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид – центрите е голем, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство […]

На инфективните оддели има 1.708 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 61


 Вкупно 1.708 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 338 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 61 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 704 […]

Дванаесет лица во Скопје обвинети за непостапување според здравствените прописи


Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против шест лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Обвинетите, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, го сториле делото на 13 јануари, кога наспроти донесените мерки и прописи за спречување на […]

Умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец


Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, во горниот тек на Повардарието северен, а во јужните делови источен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од -3 до 4, а […]

ЕФН го поддржа ЗНМ: Да се преиспита одлуката на судот за 27-ми април


На 27ми април 2017 година за време на протестот во Скопје што подоцна резултираше со упад од демонстрантите во зградата на Парламентот, вкупно 21 новинари беа под закана или им беше забрането да известуваат на местото на настанот. Еден од нив беше Горан Трпеноски кој вчера беше одбиен од Граѓанскиот суд во Скопје кој не […]

Продолжува намалувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19, до крајот на април се очекуваат вакцини од Кина и „Фајзер“


По мини пикот на новозаболени од Ковид-19 на почетокот на неделава, последните бројки на новодијагностицирани бележат тренд на намалување, па така според вчерашната статистика регистрирани се 890 нови случаи на инфицирани со коронавирусот од направени 3.284 тестови. Во исто време, продолжува имунизацијата на населението со динамиката согласно располиживите вакцини и во очекување на нови дози […]

Спасовски: Груевски ќе си носи одговорност за сѐ што има направено


Поранешниот премиер Никола Груевски ќе си носи одговорност за се што и има направено на оваа држава, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на ТВ21. – И бегството и азилот и се што започнало има крај и тој ќе излезе пред лицето на правдата, нагласи Спасовски. Тој потенцираше дека во државава […]

Оној што издавал лажни пасоши нема да биде ослободен од одговорност, порача Спасовски


За многу кратко време, за неколку дена, ќе излезевме со акција на апсење, не со информација, доколку опозицијата не го обелоденеше случајот со пасошите во јавноста, истакна синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју на ТВ21, одговарајќи на прашање околу случајот „Двојни“. – Истрагите кога се водат, тие не може да завршуваат со […]

Богдановиќ: Штетите кои би настанале од суспендирање на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општината


Според новиот Закон за урбанистичко планирање штетите што би настанале од суспендирањето на планот и отстранувањето на недостатоците на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општина Центар, информираше денеска на седницата на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ. – Ако се тргне во постапка за суспензија, а не се постигне посакуваниот ефект може да се […]

Архитекти дадоа поддршка за проектот „Гранд“ Скопје


По вчерашната јавна презентација на проектот „Гранд“ Скопје предвиден на парцелата 1.1 спроти хотелот „Холидеј Ин“, со свои реакции до медиумите и поддршка на проектот се јавија архитектите Драгољуб Доновски и  Веселинка Герасимова-Петровска и шумарскиот инженер Ѓорѓи Самарџиев. Архитект Драгољуб Доновски, кој има голема референтна листа на проектирани и изведени објекти од станбената и деловно-комерцијалната […]

МВР: Неосновани се тврдењата за 20.000 двојни матични броеви


  Министерството за внатрешни работи дека двојните матични броеви се утврдени во 1981 година и дека веднаш е пристапено кон нивно поништување. Таа  постапка веќе подолг период е во тек, а голем дел од овие матични броеви се поништени, се вели во соопштението што го испрати МВР. – Ваквата појава започнала во 1981 година, кога […]

Груби: Процесот на прераспределба на админстративците оди по планот, нема отпор за нивно примање


Досега околу 650 прераспоредени административци започнаа со работа на нивните нови работни места, а за околу 500 во тек е процесот на реализација на распределбата изјави денеска првиот вицепремиер и министер за полиитчки систем Артан Груби при денешната посета на увид на градежни работи на автопатот Скопје-Блаце. – Многу сме задоволни и Владата и јас. […]

Жителите на Ново Маало сметаат дека заслужуваат да живеат во урбана средина


Жителите на населбата Ново Маало, која се наоѓа во Општина Центар денеска повторно излегоа да го поддржат проектот што е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј ин“, во инвестиција на „МГ Фешн“. Жителите не ја поддржуваат петицијата против изградба на висококатниците спроти „Холидеј ин“, што граѓаните ја започнаа и велат дека кога проектот […]

Бочварски: Општината Центар денеска треба да донесе одлука дали ќе бара суспензија на ДУП-от


Деталните урбанистички планови ги креираат општините, тие се на некој начин во сопственост на општините, а Министерството за транспорт и врски е само контрола, така што одлуката е на Општина Центар, која треба да ја донесе денеска на седница на Советот и да ја достави до Министерството, дали ќе бара суспензија. Ова го изјави министерот […]

Груби: Интензивно се работи на патот Скопје-Блаце


Интензивно се работи на првите два километра од автопатот Скопје-Блаце, а јавното претпријатие за државни патишта веќе работи на проектирањето на втората делница во должина од 10,5 километри, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот […]

Утврдени грешки при изградбата на модуларната ковид болница во Тетово


Кај модуларната болница во Тетово е утврдено дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките, информираше денеска економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми. Вчера имало примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница. – Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку […]

Македонија избрана за златна дестинација за патување од страна на холандските туристи


Македонија е избрана за дестинација за патување од страна на холандските туристи. Наградата „Златна награда за дестинација за патување, земјава ја доби како резултат на гласањето на холандските туристи кои требало да ја оценат нивната посета во странска земја. Највисоко е оценета локацијата на државава со 8,2 поени, потоа рестораните со 8,1 и културата со […]

Филипче очекува сите партии да ги поддржат новите цени за приватните болници


Министерот за здравство Венко Филипче верува дека ќе има консензус од сите политички партии во Собрание во однос на измените Законот за здравствена заштита, со кој ќе се регулираат цените во приватните болници за хостпитализација на болните од Ковид-19. Измените поминаa на владина седница завчера, а со нив се дава законско овластување на Владата да […]

Шаќири: До крајот на јуни ќе бидат достапни уште 30 нови дигитални услуги


Порталот e-uslugi.gov.mk се надградува со многу нови дигитални услуги кои за граѓаните ги обезбедуваат институциите. До крајот на јуни ќе бидат достапни 30 нови, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) месечно ќе ги промовира сите што се воведени. Министерот Јетон Шаќири соопшти дека во соработка со Министерството за внатрешни работи набргу ќе бидат […]

Без вода улица „Џон Кенеди“


Прекин на водоснабдувањето денеска од 11:20 часот ќе имаат корисниците од улица „Џон Кенеди“, во населба Чаир. ЈП „Водовод и канализација“  – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на огрлица ф-100 мм на улица „Џон Кенеди“ 18, пред Пензионерскиот Дом во Чаир.