Северна Македонија- Може ли фудбалот да ја обедини поделената земја?


Тоа што Северна Македонија денеска ќе се прости од Европското првенство во фудбал е од второстепено значење. Најважната порака е онаа за заедништво и обединетост на етнички шарената репрезентација, пишува Тагесцајтунг.

Може ли фудбалот да ги залечи раните предизвикани од етничките поделби во Северна Македонија? Германскиот весник Тагесцајтунг денеска објавува подолга репортажа на оваа тема и пишува:
„Легендарниот ден на крајот на март, кога германските фудбалери загубија со 1:2 од Северна Македонија во квалификациите за Светското првенство, не е останат во сеќавањето само во земјата. Тогаш Северна Македонија постигна два гола, првиот Горан Пандев, а вториот Елјиф Елмас. Првиот етнички Македонец, а вториот етнички Албанец со турско потекло. Резултат со симболична вредност.

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука