Бројот на активни случаи од Ковид-19 падна под 300


Фото: Б. Грданоски

Пандемијата во македонија и натаму стивнува. Со денешните 72 оздравени пациенти бројката на активни случаи се спушти под 300 – изнесува 287. Во Скопје има 106 активни случаи. Вп 10 градови нема активни случаи.

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се осум нови случаи со Ковид-19: Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати лица. Од оздравените 72 пациенти од Скопје се 23, Куманово, Прилеп и Кичево – по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 3.265 тестови, од кои 932 се брзи тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројот на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а на активни случаи изнесува 287.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68.640, активни 106
Куманово 8.878, активни 35
Прилеп 8.326, активни 26
Тетово 7.241, активни 24
Битола 6.304, активни 10
Велес 5.472, активни 4
Гостивар 5.181, активни 8
Кавадарци 5.153, активни 0
Охрид 5.016, активни 14
Штип 4.960, активни 1
Струмица 4.117, активни 5
Струга 2.981, активни 1
Кочани 2.792, активни 3
Кичево 2.591, активни 22
Гевгелија 2.195, активни 2
Неготино 2.184, активни 1
Свети Николе 1.523, активни 0
Ресен 1.234, активни 0
Крива Паланка 1.226, активни 6
Радовиш 1.161, активни 2
Берово 1.029, активни 0
Делчево 973, активни 1
Дебар 941, активни 1
Виница 886, активни 5
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активни 1
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 1
Демир Хисар 400, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 377, активни 4
Македонски Брод 359, активни 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 0
Дојран 132, активни 0.