Филипче: Нема пациент со ретка болест што нема терапија


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека сега нема пациент со ретка болест што нема терапија, „нема пациент како порано а да треба да се  прати во странство за да добие потребна услуга или здравствена грижа и заштита“. Зборувајќи на граѓанска трибина на СДСМ во Гостивар, Филипче рече дека биле реновинари сите интерни одделенија во Скопје, огромен број хируршки одделенија, нови операциски сали.

„По 70 години нашите пациенти може да добијат, нова современа медицинска услуга во еден систем кој пружа многу помодерна здравствена заштита. Нема да застанеме тука ќе ги слушаме барањата на пациентите и на граѓаните за да го надградуваме нашиот медицински ситем. Само тука во гостиварската болница се реновираше хируршото оделение, операциските сали, се купи нов апарат за рендген, а за нецели 2 месеци за првпат во историјата на градот оваа болница ќе добие апарат за  магнетна резонанса и ќе нема потреба да се патува во Скопје или во било кој друг град“, рече Филипче.

Тој го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека за време на пандемијата постојано ширел лажни вести и клеветеле. „Знаеме дека нивните закани се закани на страв и несигурност, додека ние не спиевме да ја менаџираме кризата тие се будеа со идеи како политички да профитираат“, рече Филипче.