Промоција на Националната платформа за електронски упис на идните првачиња


Националната платформа за електронски упис на првачиња за новата 2021/2022 учебна година денеска ќе биде промовирана во ООУ „Вера Циривири – Трена“ во Општина Карпош. Како што најави Општина Карпош, училиштето ќе го посетат министерката зa образование и наука Мила Царовска,  градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, претставник од амбасадата на Велика Британија во земјава Риџард Малион […]

Сончево и топло, од утре промена на времето


Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. Почести сончеви периоди ќе има во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Рашковски од Шутка ќе размислува и за смс-пораките и за ситуацијата во која се најде


Работите за Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата, за неколку дена станаа покомплициран и понеизвесни, а застанувањето пред суд како обвинет стана речиси сосема сигурно. Кривичниот совет на Кривичниот суд ја прифати жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција во истрагата за набавка на контроверзниот софтвер за сообраќајни прекршоци, кој никој не го […]

Маричиќ: На дело се градат и функционираат механизми што ја санкционираат корупцијата


Она што сега е различно, од она што било претходно, е што се градат и на дело функционираат механизми што ја санкционираат корупцијата кај нас, или имаат начини таа да се санкционира. Фактот што имаме процеси против крупни функционери, директори, поранешен генерален секретар на Владата, кажува дека никој не е недопирлив и не е над […]

Втора доза „Астра Зенека“ граѓаните може да примат во Србија, во земјава нема да се вакцинираат лица под 60 години


Граѓаните кои примија прва доза од вакцината „Астра Зенека“, а сакаат да се ревакцинираат со истата вакцина, тоа може да го сторат во соседна Србија. Министерството за здравство останува на препораката да не се прима ревакцинација од „Астра Зенека“ кај лица помлади од 60 години. – Доколку граѓаните сметаат и имаат волја да ја примат […]

Шахпаска на форум за Западен Балкан: Ромите да добијат еднаква можност во општеството


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција. Коорганизатори на форумот се Европската комисија, Светска банка, Совет на Европа  и УНДП, а учествуваа претставници на овие институции и министри од […]

Македонските граѓани на вакцинација и во Бугарија


Бугарската клиника „Комак Медикал“ од денеска започнува со вакцинација и на македонски граѓани со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“. Најавуваат дека никој нема да биде вратен Македонските граѓани од денеска ќе можат да се вакцинираат и во соседна Бугарија. Ваквата можност ја најави бугарската агенција БГНЕС, која објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува вакцинирање на […]

Починаа 47 лица од Ковид-19, 15 починале во март во приватна болница


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.865 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, […]

Новомаалци најавуваат тужба ако се суспендира ДУП-от за градба кај „Холидеј Ин“


Жителите на скопската населба Ново Маало денеска ќе поднесат петиција до Владата и до Општина Центар која се состои од 350 потписи. Во изјава за медиумите денеска го повикаа градоначалникот на Општина Центар да издаде дозвола за почеток на градба за зградите спроти „Холидеј ин“, во спротивно најавија тужби, доколку Општината го стави Деталниот урбанистички […]

Заев и Царовска на ПМФ: Стратегија на Владата е повеќе пари за наставно-научниот кадар, инвестиции и поквалитетни студенти


Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го посетија Природно-математичкиот факултет и на средба со деканот Александар Скепаровски и продеканите разговараа за усвојувањето на Колективниот договор за високо образование и наука. Притоа премиерот Заев рече дека конечно е постигнат договор кој неколку претходни влади не успеја да го остварат. – […]

Германија планира да забрани возење автомобили по 22 часот


Германскиот Бундестаг денеска почна дискусија за новиот епидемиолошки закон, што ќе им овозможи на федералните власти да преземат мерки во региони каде што има поголема стапка на инфекција, а тоа вклучува забрана за управување со автомобили по 22 часот. За време на заклучувањето и во врска со полицискиот час, ќе биде можно да се воведе […]

Амбасадорот на БиХ Јаќимовиќ порача дека на Балканот му е потребен мир, војните на сите им се преку глава


Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јакимовиќ денеска имал средба со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на која разговарале и за нон пејперот, кој деновиве ја разбранува јавноста, околу наводната поделба на БиХ и прекројување на границите на Балканот. Јакимовиќ при денешната посета на Штип и на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов […]

Се разгледува можноста за јавно-приватно партнерство за ски центарот Попова Шапка


Владата во комуникација со Министерството за економија и со останатите институции ја разгледува можноста за реализација на јавно – приватно партнерство за ски центарот Попова Шапка. Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање во врска со приватизацијата на Попова Шапка. Моментално, посочи Хоџа, се одвива фазата на […]

Општина Битола, сепак, ќе наплаќа фирмарина за 2020


Дуќанџиите се незадоволни, но општината вели дека решенијата за фирмарина биле изготвени уште пред да почне ковид кризата   Анета Блажевска БИТОЛА – Иако најави, Општина Битола сепак нема да се откаже од наплатата на фирмарина за 2020 година. Градоначалничката Наташа Петровска лани во април јавно објави дека како прв човек на градот ќе предложи […]

Бочварски ќе реагира веднаш ако Центар бара суспензија на ДУП-от кај „Холидеј ин“


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека службите на Министерството ќе постапат веднаш доколку Општина Центар до нив достави елаборат за суспензија на спорниот ДУП за парцелите спроти Холидеј Ин каде треба да се градат висококатници.  Досега од општината испратиле само прашалник како да се изработи елаборатот. Законот за урбанистичко планирање, повтори денеска […]

Хоспиталзирани вкупно 1.641 ковид-пациент, има околу 380 празни болнички кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1641 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здарвство. Во ковид центрите во Скопје, во изминатите 24 часа се хоспитализирани 68 нови пациенти поради […]

СДСМ: Македонија највисоко на листата на „Репортери без граници“ од 2013 година


ВMРО-ДПМНЕ, по извештајот на „Репортери без граници“ оцени дека во Македонија владее медиумски мрак и дека  власта се заканува и шиканира новинари. -Не е возможно да се објави вест или истражи скандал, а без потоа новинарот односно медиумот да не биде мета на напад на голем број на партиски ботови на социјалните мрежи, со закани […]

Скопје прв град што воведува брз автобуски превоз на Западен Балкан


Скопје како еден од најзагадените градови во Европа, ќе стане првиот град на Западен Балкан кој ќе воведе систем на брз автобуски превоз (БРТ), благодарение на кредитот во износ од 70 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој, за да ја поддржи клучна трансформација кон одржлив транспорт и ќе одговори на итните […]

Од петок повторно дожд, но потопло


Уште утре утринските температури на места ќе се спуштат до околу нула степени, а дневните и понатаму ќе бидат во пораст, соопшти УХМР. Од утре кон крајот на денот до сабота, под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни и во тој период дневните температури ќе […]