Над 100 илјади дози на „Фајзер“ преку Ковакс механизмот стигнаа во земјава


Фото: Б. Грданоски

Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини Фајзер, што ги купивме преку КОВАКС механизмот, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Во текот на следните денови, како што посочува, вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани.

– Доколку сè уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, пишува Филипче.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно се аплицирани 501.506 дози вакцини, а ревакцинирани се 212.201 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 6.282 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 3.712 граѓани.
 
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 460.702 граѓани.
 
Со последните бројки 51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 45% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина
Со последните бројки 38% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
 
 Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.