Само шест нови случаи на корона, нема починати


Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа регистрирани се само шест нови случаи на Ковид-19 од 3.147 тестирања, што е 0,19 отсто од примероците. Министерството за здравство соопшти дека нема починати и дека оздравеле четири пациенти. Од заболените тројца се во  Скопје, двајца во Тетово и еден во Струмица. Оздравените пациенти се од Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – секаде по еден.

Во моментов во 12 градови нема ниту еден заболен, а во девет има само по еден со Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.

Дистрибуција по градови:

Скопје 68.656, активни 88
Куманово 8.882, активни 28
Прилеп 8.327, активни 18
Тетово 7.248, активни 22
Битола 6.305, активни 7
Велес 5.473, активни 5
Гостивар 5.181, активни 7
Кавадарци 5.154, активни 1
Охрид 5.019, активни 17
Штип 4.961, активни 1
Струмица 4.119, активни 6
Струга 2.981, активни 1
Кочани 2.792, активни 1
Кичево 2.596, активни 16
Гевгелија 2.195, активни 1
Неготино 2.184, активни 0
Свети Николе 1.524, активни 1
Ресен 1.234, активни 0
Крива Паланка 1.227, активни 5
Радовиш 1.161, активни 1
Берово 1.029, активни 0
Делчево 973, активни 0
Дебар 942, активни 1
Виница 886, активни 2
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активни 0
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 400, активни 2
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 377, активни 3
Македонски Брод 359, активни 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 0
Дојран 132, активни 0

Од направените 3.147 тестирања 1.103 се брзи тестови.