Филипче: Иако бројот на новозаболени и хоспитализирани со Ковид-19 се намалува, мора да останеме исклучително внимателни


ројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. – Без разлика што бројките паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на […]

ДКСК: Јавните набавки и вработувањето во јавниот сектор приоритети на Националната стратегија за спречување на корупција


Национаната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси и Акцискиот план за спроведување 2021 – 2025 година, опфаќа 14 критични сектори, од кои четири за првпат – урбанизам и просторно планирање, животна средина, земјоделство и спорт. Приоритетни сектори се јавните набавки и вработувањето во јавниот сектор, додека најмногу мерки и активности се насочени […]

На средношколците сега им пречат е-учебниците


  Средношколците стануваат ретроградни: по празниците ќе протестираат за најавата на министерката за образование Мила Царовска да воведе електронски учебници и бараат од неа да се премисли.  – Сметаме дека одлуката за воведување на електронски учебници е лоша, најпрво од здравствен аспект, свесни сме сите, а и докажано е дека долгорочно седење пред компјутерските екрани […]

Богдановиќ не седел во кафеана за полициски час, ќе тужи за лажната информација


  Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира информциите дека за време на полициски час седел во кафани.   „Целосно ги отфрлувам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони.Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од […]

Македонските државјани во Црна Гора без ПЦР тест


  Македонските државјани ќе може да влегуваат во Црна Гора без негативен ПЦР тест во периодот кој наскоро ќе биде определен, соопштија црногорските власти. Црногорскиот министер за финансии и социјална помош Милојко Спаиќ вчера информираше дека сите ограничувачки мерки за посета на Црна Гора оваа сезона, вклучително и тестирањето за ПЦР, ќе бидат укинати за […]

Армијата доби 7.400 комплети гортекс униформи од Турција


Армијата доби нови 7.400 комплети гортекс униформи, како донација од Турција. Примопредавање на донацијата е најавено за денеска напладне во касарната „Илинден“, во присуство на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок.

До наредниот вторник нема одење в кафеана, останува и полицискиот час од 20 до 05 часот


Постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 остануваат во сила уште една недела. Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, вчера одлучи тие да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).   Останува во сила полицискиот час […]

Продолжува процесот на вакцинација, ако има потреба вакцини ќе се набавуваат и од „Торлак“


Продолжува процесот на вакцинација во земјава. Досега, заклучно со 18 април вакцинирани се 7.020 здравствени работници со прва и 6.750 со втора доза на вакцина против КОВИД-19. Од 31 март, кога почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13.575 лица. Од 5 април, пак, почна масовната вакцинација во вакцинален пункт во […]

#ВозможноЕ – настан за амбициозна #КлиматскаАкцијаСега


Во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени (klimatskipromeni.mk), ќе се реализира онлајн настан #ВозможноЕ. Првиот дел од настанот ќе се одржи денеска од 13:00 до 15:00 часот како настан во живо на социјалните мрежи,  на тема „Националните придонеси за климатските промени […]

Сончево со слаб ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо. Во текот на денот на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус еден до шест, […]

Уште една недела важат истите антиковид мерки


Постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 кои се со важност до денеска, да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник), одлучи Владата на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести. Како што информира […]

Владата ги усвои планираните активности за дигитализација во судството


Владата на денешната седница ја усвои Информацијата со планирани активности за дигитализација во судството за 2021 година. Планот, како што соопшти владината прес-служба, содржи активности кои ќе се одвиваат во повеќе фази, започнувајќи од измени на постоечката легислативна рамка како основа за преземање процесни дејствија (е-маил и Е-достава) со учесниците во постапките, ИКТ алатки за […]

Ивановска: Уставните судии се должни да ги почитуваат членовите од законот кои се однесуваат на судирот на интереси


Уставните судии како службени лица се должни да ги почитуваат членовите од законот кои се однесуваат на судирот на интереси и на тој начин непристрасно да ги носат одлуките, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска. -Комисијата има надлежност да одлучува дали постои кај одреден носител на јавна функција судир […]

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот


Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот, согласно одлуката на Влада на РСМ за продолжување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 20:00 до 5:00 часот, заклучно до 27 април 2021 година, соопштија од ЈСП. Возниот ред  е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје. Од ЈСП информираа дека […]

ИЈЗ: Се намалува бројот на позитивни и починати од Ковид-19


Намалување од 24,3 отсто на бројот на позитиви случаи на КОВИД-19 во земјава во изминатата недела регистрира Институтот за јавно здравје.  Намалување има и кај бројот на смртни случаи, пријавени се 206 смртни случаи од 26 градови, што е за 25,4 отсто помалку во однос на минатата недела. Процентот на позитивни случаи од вкупно тестирани […]

Вонреден инспекциски надзор во Собранието: КОВИД-мерките се почитуваат, нема неправилности


Државниот инспекторат за труд вчера извршил вонреден инспекциски надзор во Собранието на Република Северна Македонија. Притоа, не констатирал никакви неправилности и оценил дека мерките предвидени со регулатива за заштита од КОВИД-19 се во целост обезбедени. Како што соопшти Инспекторатот, увид бил направен во работните простории на Собранието, канцелариите, салите, ходниците, лифтовите, помошните простории, влезовите и […]

Репортери без граници: Северна Македонија за две места повисоко, но со критики


 Две места повисоко, но критиките остануваат. Од 92-ро, Северна Македонија се најде на  90-то место на индексот на Репортери без граници (РБГ). Изминатата 2020 е претставена како вонредна година во Северна Македонија, во која беше распуштено Собранието, на власт дојде техничка влада, а предвремените парламентарни избори се одложија поради пандемијата. Во најновиот извештај за слободата […]

Државата ќе ги подмири трошоците за ПЦР-тестови за странските туристи, најави Битиќи


За да не биде дополнителен товар за потенцијалните туристи, ние соодветно ќе надоместиме ПЦР-тестовите да бидат направени од наша страна, односно, туристите кои што ќе ја посетат нашата земја да немаат дополнителен трошок, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која беше […]

Велешкото Еколошко друштво „Вила Зора“ објави еко-конкурс за „Зелена идеја“


Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес  објави конкурс насловен „Зелена идеја“ на кој може да учествуаат сите граѓани без  разлика на возраста. Како што информира за МИА, Сашка Коцевска потпретседател на ЕД „Вила Зора“ целта е граѓаните да се мотивираат еколошки да размислуваат, да даваат свои иницијативи, идеи и предлози за еколошки активности и акции. […]

Ивановски: Уставниот суд веќе одлучувал по иницијативата за Законот за банки


Уставниот суд веќе се произнел дека нема повреда на Уставот во однос на Законот за банки, со што според поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, оваа работа е пресудена и новата иницијатива по истиот предмет би требало да биде отфрлена, освен доколку има некои нови елементи по кои Судот би требало да се произнесе. […]