Стерјовски: Воведениот карантин за секој кој влегува од Македонија во Албанија, избрзана и погрешна одлука


Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, реагираше во врска со вчерашната одлука на албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата, за воведување двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Северна Македонија. Одлуката ја оценува како избрзана и погрешна, бидејќи деновиве се намалува бројот на заразени […]

Нови 766 случаи на Ковид-19, 1.118 оздравени и 31 починато лице


Нови 766 случаи на КОВИД-19 се регистрирани од направени 3171 тестирање во изминатите 24 часа. Во истиот период се регистрирани 1118, како и 31 починато лице, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. -Во последните 24 часа се направени 3171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје […]

Македонија објави нова национална заложба за климатска акција во рамката на Договорот од Париз


Македонија се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030, споредбено со нивото од 1990 година. Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави својата втора национална заложба за климатска акција пред Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), бележејќи ја обновената посветеност кон исполнувањето на Договорот […]

Во ковид-центрите хоспитализирани 1.667 лица, на располагање околу 360 кревети


Вкупно 1.667 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели и во болниците во земјава, при што во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени […]

Филипче по средбата со Лончар: Институтот „Торлак“ ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19


Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар. Филипче посочи дека имале […]

Лончар: Во Србија се вакцинирале речиси 15.000 македонски државјани


Во Србија вакцина против КОВИД-19 добиле речиси 15 илјади македонски граѓани, изјави денес на прес-конференција српскиот министер за здравство Златибор Лончар, одговарајќи на новинарско прашање. На заедничката прес-конференција со македонскиот колега Венко Филипче, Лончар додаде дека оние кои ја примиле првата доза од вакцината на некој од пунктовите во Србија, втората доза за нив е […]

Асоцијација на архитекти бара да се почитува генералниот урбанистички план и јавниот интерес


Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти како дел од Асоцијацијата денеска соопштија дека внимателно ги следат дискусиите во врска со парцелите спроти хотелот „Холидеј ИН“ во центарот на Скопје порачаа да се почитува генералниот урбанистички план и јавниот интерес. Укажуваат дека организацијата на просторот во кој живееме се спроведува преку Генералните […]

За еден ден исцрпени половина од субвенциите за велосипеди и тротинети


Град Скопје информира дека за еден ден се исцрпени речиси половина од предвидените средства за субвенции за граѓаните за купување на велосипеди и електрични тротинети. Преку системот за електронско аплицирање вчера пристигнале над 1.200 пријави за субвенции за велосипеди, и 142 пријави за субвенции за електрични тротинети. Градските власти посочуваат дека доколку продолжи големиот интерес […]

Фон дер Лајен: За Северна Македонија се предвидени 119 илјади вакцини


Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер соопшти дека од ЕУ за Северна Македонија ќе бидат доставени 119 илјади дози вакцини, јави дописничката на МИА од Брисел. – Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119.000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од […]

Вархеи: ЕУ обезбеди 650.000 вакцини „Фајзер“ за здравствените работници на Западен Балкан


Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изутринава најави дека од мај до август на Западен Балкан ќе пристигнат 651.000 дози од вакцината „Фајзер“, наменети за здравствените работници и ранливите групи во регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е прва испорака на вакцини финансирана од Европската Унија. Вакцините ќе почнат да пристигнуваат во мај, а […]

Репортери без граници: Културата на неказнивост продолжува во Mакедонија


Последниот извештај на Репортери без граници за сите земји во светот е објавен денеска, Северна Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс, но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите. Организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите во светот нагласува дека ситуацијата со медиумите се влошува […]

Владата денес одлучува за продолжување на рестриктивните мерки до 27 април


Забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што беше воведена на 6 април завршува денеска. Од Комисијата за заразни болести вчера за МИА информираа дека донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните седум дена. Владата денеска на седница ќе ја разгледа […]

Филипче во посета на „Торлак“ во Белград, вчера стигнаа 10.000 дози од „Фајзер“


Министерот за здравство Венко Филипче, со претставници од Министерството за здравство, денеска ќе заминат во официјална посета на Белград каде ќе се сретнат со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и со директорката на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ. – Ќе имаме разговор за повеќе битни теми во делот на нашата […]

Облачно со повремен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд претежно во западните и крајните источни делови. На места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 10 до 18 степени. Во […]

Стигна првата пратка од 10.530 дози од вакцината „Фајзер“


Министерството за здравство информира дека попладнево стигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, која тоа ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19. -Станува збор за 10.530 дози од вакцината „Фајзер“, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за […]

Филипче: Младиот Иле полека заздравува, поддршка за решавање на проблемот со вработувањата на семејствотото на Верица


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со семејството на Верица, младата девојка која трагично го загуби животот, а нејзиното семејство ги донираше органите и досега се спасени три животи. -Со овој чин досега спасија три животи. Чест ми беше да ги запознаам овие луѓе чија големина и алтруизам оставаат без зборови. Во име […]

Отворени донациски сметки за семејството на Верица Белчовска, донор на органи


Во Берово остварена средба помеѓу градоначалникот и хуманата фамилија Белчовски од село Русиново, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица и спасија многу човечки животи. Од страна на Општина Берово, како што информираше градоначалникот Звонко Пекевски, ќе бидат преземени сите мерки, со што на семејството ќе му се пружи најголемата институционална поддршка. -Во […]

Филипче на средба со поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ: Сите треба активно да придонесат во битката со пандемијата


Министерот за здравство Венко Филипче и поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, денеска разговарале за актуелната состојба со Ковид-19 во земјава и за можните ризици од групирање за време на претстојните верски празници. Филипче на […]

Уште 35 починаа од последиците од Ковид-19, новозаразени се 135 од 841 тест


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 841 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се вкупно 35 починати лица и оздравени 900 пациенти. Од 135 новозаразени, во Скопје се 81, Тетово – 15, Куманово – 13, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Македонски Брод – […]