Утре стигнуваат 100.000 вакцини „Фајзер“


Наместо препорачаните пет дози медицинската сестра Сари Рос искористила седум, користејќи шприцеви со низок мртов волумен

Кинеските вакцини слетуваат во Скопје во недела со два авиона, а утре стасува пратка од околу 100.000 вакцини од Фајзер, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Кинеските вакцини во недела слетуваат во Скопје со два авиона во 14 и во 16 часот со по 250.000 дози. Веќе е направен план за складирање во поликлиникта Јане Сандански и во Институтот за судска медицина. Верувам дека во понеделник и во вторник ќе бидат пуштени во употреба – рече Филипче.