Вештаците се една од главните причини за одложување на судските рочишта
Од мониторингот спроведен од Коалицијата „Сите за правично судење“ на 1.200 судски расправи е зајклучено дека до квалитетна правда се доаѓа тешко и поради тоа што има висок процент на одложени рочишта поради отсуство на надворешните субјекти на постапката, како на пример вешти лица или пак доказен материјал кој произлегува од овие лица или останати докази во постапката. Според наодите на ова истражување, поддржано од УСАИД, одлагања на рочиштата има и поради отсуства на странки во постапката.
Податоците покажуваат и дека ри постапувањето и учеството на лица со посебни потреби во постапки кои се водат пред нотар, согласно постечката регулатива се воведуваат дополнителни и непотребни трошоци за нив. Законот за нотаријат предвидува решение во кое како задолжителни ги внесува сведоците во постапката кога правните работи лично ги преземаат глуви лица кои не знаат да читаат или неми лица кои не знаат да пишуваат. Коалицијата заклучува дека се доведува во прашање легитимноста на оваа одредба
имајќи предвид дека во овие случаи е задолжително повикување на толкувач кој би ја овозможил комуникацијата помеѓу овие лица и нотарот кој постапува.
Истражувањето покажа дека сите категории на лица со попреченост се соочуваат со потешкотии во поглед на пристапноста до суд и до правда, со што им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите согласно со законите и меѓународните прописи.
Присуството на 1.200 судски расправи во рамките на овој проект се спровело во 10 основни судови во четири апелациски подрачја.