Заев: Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка


Премиерот Зоран Заев, во коментар на реакциите и барањата за и против изградбата на висококатници спроти Холидеј Ин во Општина Центар, денеска порача дека Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка, со почитување на законите за урбанистичко планирање и за градење. Тој потенцираше и дека е важна усогласеноста на Генералниот и деталниот […]

Заев: Околу 750 вработени според Рамковен договор веќе распоредени, директорите да не прават отпор


 Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности, постапка за засновање работен однос, префрлување на соодветните финансии од една институција на друга. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека верува дека сите институции ќе ја спроведат одлуката. Тој посочи дека сака […]

ДКСК до ЈО со иницијатива за истражни дејствија за донесувањето на ДУП „Голем ринг“


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница му предложи на Јавното обвинителство да ги преземе сите истражни дејствија, да ги обезбеди сите неопходни докази, да ги утврди сите релевантни факти и да донесе законита и правична јавно – обвинителска одлука во однос на реализација на ДУП „Голем ринг“  јужен дел исток, што […]

Заев: Треба да продолжиме да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид -19 


Премиерот Зоран Заев изрази задоволство од почитувањето на мерките за заштита од Ковид -19 и порача граѓаните да продолжат да се придржуваат кон нив.   -Пред две и пол недели кога донесовме одлука да ги затвориме угостителските објекти и полицискиот час да биде од 20 часот бројките на новозаболени беа 1520, 1480. Веќе после една недела […]

Засадени 12.500 садници за Денот на планетата


По повод Денот на планетата Земја, 22 април и во рамки на програмата „Добра земјоделска пракса“, денеска во Крушево беа засадени 12.500 садници. Министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој учестуваше во акцијата, порача дека се потребни  итни мерки за незаконската сеча на шумите. – Денот на планетата Земја е важен за сите нас, зашто […]

Промовирана национална платформа за електронски упис на првачиња


Првоодделенците за претстојната учебна 2021/2022 година првпат ќе може да се запишат и електронски. Уписот е во мај како и во минатите години, но годинава родителите не е потребно да доаѓаат во училиштата, туку документите за своите деца ќе ги поднесат онлајн преку националната платформа за електронски упис на првачиња. Министерството за образование и наука […]

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје


– Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Рајчев и Бундалевска-Георгиевска […]

Градежна комора: Недозволиво е поради еден изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во Општина Центар


Суспензија на дел од деталните урбанистички планови во Општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор, преку механизми кои се целосно правно неиздржани и директно ќе му наштетат на градежниот сектор и граѓаните, реагира Градежната комора. Ваквото постапување, според Комората, ја ограничува слободата на пазарот и претприемаштвото и директно ги загрозува уставно загарантираните […]

(Во живо) Прес на Заев, Бектеши и нуредини


Премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини присуствуваат на официјалното пуштање во употреба на фотонапонска централа во селото Теново, општина Брвеница. Проследете ја во живо:  

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, нема внатрешно ширење на вирусот меѓу децата


 Состојбата поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот во градинките е стабилна. Според податоците со кои располагаме, се покажа дека со почитување на мерките и протоколите се спречува внатрешно ширење на вирусот. Минатиот петок се забележани 34 нови позитивни вработени и само осум позитивни деца, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.  Тврдењето […]

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција


Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на денешната седница за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ. На конкурсот за избор на пет обвинители во ова Обвинителство беа пријавени 14 кандидати, […]

Царовска на состанок со ЗЕЛС и градоначалници: се интензивираат подготовките за спроведување на образовните реформи во новата учебна година


На онлајн состанок на министерката за образование и наука Мила Царовска со ЗЕЛС и градоначалниците се разговараше за тековните подготовки на локалните самоуправи и училиштата со цел успешен почеток и имплементација на сите реформи во образованието кои започнуваат во новата учебна година и треба да обезбедат поквалитетен воспитно – образовен процес и за основците и […]

Поддршка од Рига за преговорите на Македонија со ЕУ


  Вицепремиерот за за европски прашања Никола Димитров утрово во Рига ја почна балтичката турнеја со средби во Парламентот на Летонија. На состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Парламентот, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда, беше реафирмирана и поддршката од страна на летонските пратеници Северна Македонија […]

Жителите на Ново Маало правно ќе се борат за реализација на проектот кај „Холидеј ин“


Жителите на скопско Ново Маало од почетокот го поддржуваат проектот за урбанизација на делот кај „Холидеј ин“. Тие сметаат дека овој проект ќе им овозоможи современи услови за живеење и дека иако јавноста се противи, тие кои се директно засегнати од градењето на таа парцела се сосема за реализација на проектот. Спротивно на другите петиции, […]

ГАК: Годинава направени 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста


Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство соопшти дека годинава направени се 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста, а во 2020 година се направени 34 медикаментозни абортуси во прв триместар на бременост и осум медикаментозни абортуси од 12 до 22 гестациска недела. Медикаментозен абортус може да се […]

Најстудено во Берово, за попладне се најавува дожд


Времето е ведро и претежно тивко, а утринава се зголемува облачноста од југозапад. Најниска температура од – 3 степени е измерена во Берово и Лазарополе, нула во Крива Паланка и Попова Шапка, еден во Скопје-Петровец, Битола, Охрид, Крушево и Маврови Анови, два во Прилеп, Тетово, Струмица, Дебар и Претор, три во Куманово и Демир Капија, […]

Ден на Земјата 2021: Промената започнува од тебе!


Секоја година во април милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Денот на Земјата. Оваа година темата е реставрација на планетата, а главниот фокус е ставен на обнова, преродба и почнување нов циклус. Денот на Земјата е традиционален годишен настан кој се одбележува на 22 април, а чија цел е да ги истакне и да им […]

Царовска: Конкурсот за упис во средните училишта е направен врз основа на потребите


Конкурсот за упис во средните стручни училишта е направен врз основа на потребите, утврдени во социјален дијалог меѓу училиштата, локалните самоуправи и компаниите. Тоа е едниот ефект – реален конкурс за упис во средните училишта. Вториот е дека 97 паралелки се отворени како дуални, што во превод значи дека имаме паралелка со поинтензивна праска и […]

Во Грција со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест, Филипче чека официјална потврда


Нашата држава веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Според најавите што Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се […]

Со Ковид-19 активни се 18.469 случаи, Филипче вели треба да бидеме исклучително внимателни


Според последните информации од Министерството за здравство активни се 18.469 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство оцени дека рестриктивните мерки кои се на сила, даваат резултати, оти е намален бројот на позитивни случаи, но нагласи дека периодов мора да бидеме исклучително внимателни. – Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува […]