„Падна“ седумка на Лото – на среќниот добитник му носи рекордни 669 илјади евра


Вечерва „падна“ седумка на Лотот која на среќниот добитник му носи рекордни 669 илјади евра. 
„Добивка со 7 погодоци во 50 коло 2021.
Уплатенa во ЈМБ КОМПАНИ Визбегово, Скопје.
Износ на добивка: 41,163,771.60 ден.“, стои во објавата на Фејсбук на Државната лотарија.
Добитната комбинација ја донесоа извлечените броеви  1,20,24,25,31,32 и 34.

Инаку, во вечерашното коло на Лото 7, освен седумката, имаше и две шестки кои на оние кои ги уплатија ливчињата ќе им донесат 169.000 денари (околу 2.700 евра).