Раст на просечната каматна стапка кај депозитите во декември, пад кај кредитите


Просечната каматна стапка на вкупните депозити во декември бележи годишен раст од 0,04 процентни поени и изнесува 2,21 процент, објави денеска Народната банка.  Кај кредитите се бележи годишен пад на просечната каматна стапка од 0,54 процентни поени. Таа изнесувала 4,76 проценти.

МВР: Ќе се формира Национален комитет за заштита на новинари, нивната безбедност е врвен приоритет


Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и е максимално посветено на ова поле. МВР информира дека во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари, кој ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и безбедноста на новинарите. Од МВР посочуваат дека целта на Комитетот …

МВР: Ќе се формира Национален комитет за заштита на новинари, нивната безбедност е врвен приоритет Read More »

Општина Аеродром објави Јавен повик за граѓански организации


Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики. …

Општина Аеродром објави Јавен повик за граѓански организации Read More »

Од септември 2027 година произведувачите ќе мора да употребуваат најнови технологии за заштита на воздухот


Во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, од септември 2027 стапува на сила веќе усвоениот Закон за контрола на емисиите, кој ќе воведе построги стандарди за индустријата, јакнење на надзорните капацитети за контрола на Министерството,, истакна денеска на брифинг со новинарите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, кој информираше за клучните …

Од септември 2027 година произведувачите ќе мора да употребуваат најнови технологии за заштита на воздухот Read More »

Намалениот буџет за ретки болести создава страв кај семејствата


Февруари и оваа година ќе мине во знакот на осмото по ред издание на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Како што беше истакнато на денешата прес-конференција по повод кампањата, во февруари, кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, ќе биде направен обид јавноста поблиску да биде запознаена со нови ретки дијагнози, секоја од …

Намалениот буџет за ретки болести создава страв кај семејствата Read More »

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална, но ќе мора да помине рокот за жалба


 В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзалната сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба – рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. – Комисијата работи и процесот е …

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална, но ќе мора да помине рокот за жалба Read More »

Навреди место дијалог, за власта ССМ се „синдикалци на батерии“


Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДС, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ кои зад секое барање поголема плата гледаат вмешаност на опозиција, освен ако не станува збор за функционерските.  Според Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, протестите на ССМ, поддржани од СДСМ и …

Навреди место дијалог, за власта ССМ се „синдикалци на батерии“ Read More »

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО


Извештајот за спас на Охридското езеро е пратен во УНЕСКО, потврди денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што изјави Љутков, одговор за тоа дали ќе бидеме ставени на Листата на светско наследство во опасност може да се очекува во јуни, кога треба да се одржи следната сесија на УНЕСКО во Јужна Кореја и …

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО Read More »

Постмониторингот на Советот на Европа заврши, но потребни се уште многу тешки реформи


Во дебатата во Парламентарното собрание на Советот на Европа за усвојувањето на извештајот за Северна Македонија, по повод затворањето на пост-мониторинг дијалогот освен што беше поздравен напредокот на земјата беше нагласено дека работата со реформите не е завршена и вниманието на Советот на Европа не исчезнува, туку само ја менува формата. Во своето обраќање, македонската …

Постмониторингот на Советот на Европа заврши, но потребни се уште многу тешки реформи Read More »

Советот на Град Скопје на „слепо“ избирал членови на одбори


И во Град Скопје и рекоа збогум на транспарентноста. Вчера изборот на новите членови на управни и на надзорни одбори, откако два месеци министерот за јавна администрација тврди дека става крај на партизацијата, се избрани на „слепоо“, без да се знае кои се и со какви квалификации бидејќи предлогот дошол без биографии.  „Денес мнозинството во …

Советот на Град Скопје на „слепо“ избирал членови на одбори Read More »

Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места


Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи.  Пообилни врнежи ќе има в недела кога ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. УХМР најавува дека утре минималните темпартури ќе се движат од -2 до 6 степени, максималните од 4 …

Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места Read More »

Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети


„Денеска, заедно со локалната самоуправа, директорот на Јавното комунално претпријатие и Сојузот на одгледувачи на овци, сме во посета кај фармерот Никола, кај кого, за жал, за време на обилните дождови го загуби своето стадо на овци и јагниња“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Во рамки на мојата посета и во …

Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети Read More »

Утре протест во Скопје: воведен посебен режим на сообраќај


Утре, 31 јануари со почеток во 12 часот, ќе се одржи протестен марш „Стоп за Усје“ во Скопје. Трасата на движење ќе биде од пред Владата на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот  „ВМРО“, продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата  „Димитрие Чуповски“, потоа по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ …

Утре протест во Скопје: воведен посебен режим на сообраќај Read More »

Каракамишева стана советник на Мицкоски


Професорката Тања Каракамишева е нов советник на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, задолжена за областа на човековите права и владеењето на правото. Веста за својот нов професионален ангажман ја сподели самата Каракамишева, истакнувајќи дека оваа позиција е резултат на долгогодишната соработка со премиерот и претставува голема чест, но и одговорност. Во својата објава, Каракамишева посочува …

Каракамишева стана советник на Мицкоски Read More »

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина


Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави протестен марш во сабота, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје. Маршот ќе стартува пред Владата, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање. …

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина Read More »

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт


Поради промена на затворач на бул. „Александар Македонски“ бб (кај Континентал), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и трговскиот центар Ист Гејт. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон на патниот правец Берово – Струмица


 Намалена видливост до 70 метри и појава на магла утрово има на патниот правец Тетово – Гостивар, информира АМСМ. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на …

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон на патниот правец Берово – Струмица Read More »

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег


Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе …

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег Read More »

Томовски: Во план е модернизација на жичницата до Водно во соработка со Град Скопје


Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и модернизација на жичницата до Водно. Говорејќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, …

Томовски: Во план е модернизација на жичницата до Водно во соработка со Град Скопје Read More »

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага


Изградените два километра од автопатот Скопје-Блаце не почнуваат од никаде и не завршуваат никаде, затоа и не можат да се пуштат и по нив да има безбеден сообраќај, рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска од говорницата на македонското Собрание одговараше на пратенички прашања на Илир Хасани, пратеник од Европскиот фронт. Николоски …

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага Read More »