Британскиот амбасадор Лосон со видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик
Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон го честиташе Денот на македонскиот јазик преку видео обраќање на македонски јзик.
-Веќе сум четврта година од мојот мандат како британски амбасадор и покрај дипломатските обврски што ги имам, секојдневно уживам користејќи го македонскиот јазик како алатка за комуникација со Владата, институциите, медиумите, невладиниот сектор и пријателите што ги стекнав во оваа прекрасна земја – наведува Лосон во видео обраќањето на македонски јазик на својот Фејсбук профил.
Веќе сум четврта година од мојот мандат како британски амбасадор и, покрај дипломатските обврски што ги имам, секојдневно уживам користејќи го македонскиот јазик како алатка за комуникација со Владата, институциите, медиумите, невладиниот сектор и пријателите што ги стекнав во… pic.twitter.com/fv6OfqeQxD
— MatthewLawsonUK (@MatthewLawsonUK) May 5, 2026
Лосон наведува дека богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе му остане засекогаш.
-Богатството од познавањето на македонскиот јазик ќе ми остане засекогаш – ќе го носам со себе, читајќи ги преводите на Вилијам Шекспир од Драги Михајловски, слушајќи македонски песни и користејќи го јазикот во секоја прилика. Честит Ден на македонскиот јазик, наведува Лосон.