Студено време со врнежи од дожд и снег


Утре попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни, информира УХМР. Пообилни врнежи ќе има и в четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините, особено во […]

Без струја утре дел од објектите на фирмите во општина Илинден


Без електрична енергија утре ќе бидат дел од објектите на фирмите во општина Илиден. Како што соопшти РЦУК, по претходно известување од ЕВН Македонија АД, од 8 до 10 часот без струја ќе останат Ван Хоол, Дура 1, Дура 2, Мурат, Пурпласт и Герешајмер, како и уличното осветлување во зоната ТИРЗ 2. 

Целосно вакцинирано 35 проценти од населението, 38 отсто со една доза


Во текот на вчерашниот ден направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19. Починати се 15 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 165 лица. Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од […]

Претпладне со локални врнежи од дожд, попладне со сончеви периоди


Времето во земјава ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат и ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, […]

Отстранети одроните на патот од Гевгелија до Смрдлива вода


Патниот правец од Гевгелија кон планинското одморалиште „Смрдлива вода“ и кон планинските села Конско и Ума попладнево е повторно приспособен за сообраќај откако претпладнето поради обилните врнежи од дожд беше блокиран од одрони. Одроните ги отстранија екипи на ЈПКД „Комуналец“ и вработени од турската компанија кои се ангажирани за изградба на браната Конско. Патот е повторно […]

Пуштен во употреба новиот мост, каде требаше да има панорамско тркало


Од денеска, прооден е пешачкиот мост на реката Вардар кој се изгради без панорамско тркало, предвидено со проектот Скопје 2014. Со пренамената на тркалото и изградба на модерен пешачки мост граѓаните заштедија 10 милиони евра, уверува градоначалникот Петре Шилегов. „Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно […]

Регистрирани 111 нови случаи со Ковид-19, 15 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа […]

Вангелов, Кузмановски, Беговска и Несими добитници на наградата „11 Октомври“


По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, беше доделена државната награда „11 Октомври“. Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието наградата ја додели на филологот проф. д-р Атанас Вангелов. Во областа на културата и […]

Владина делегација по повод 11 Октомври се поклони пред спомениците на хероите


Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски положи венци свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата во градот херој Прилеп, каде што од вчера и во […]

Џафери: Лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат


Оваа година е посебно значајна, затоа што одбележуваме јубилејни 80 години од денот кога борците на антифашистичката генерација се исправија решително и несебично во борба за слобода и достоинство, положувајќи го најскапоценото во глобалната битка на доброто против злото, истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговата честитка по повод денешниот државен празник, 11 Октомври […]

Дигитален самит на економиите на Западен Балкан – Подгорица 2021


Дигитална економија, дигитални вештини и знаења, дигитална инфраструктура и поврзаност и доверливост и безбедност се четирите главни теми за кои ќе се зборува на Дигиталниот самит на Западен Балкан, што од денеска до 13 октомври се одржува во Подгорица, како дел од Берлинскиот процес и Агендата за заеднички регионален пазар за Западен Балкан. Над 90 […]

Најмногу активни случаи во Скопје, неделава почнува скринингот во училиштата


Во текот на вчерашниот ден направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на Ковид-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, регистрирани се десет починати лица, сите во болнички услови. Оздравеле 240 пациенти. Најмногу случаи вчера се забележани во главниот град – 140, во Куманово се регистрирани 38 нови случаи, а најмалку […]

Осумдесет години од Денот на народното востание – 11 Октомври


Осумдесет години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава се одбележува денеска во земјава. Република Северна Македонија денеска го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание. Делегации на државниот врв, општествено-политичките организации, Армијата, борците, дипломатскиот кор и на гостите од странство денеска во […]

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (каде локално ќе наврнат дополнителни 20 л/м2 дожд за 24 часа). Во јужните делови, каде се очекуваат сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен […]

Заев прими плакета од борците на НОВ за негувањето на вредностите на антифашистичката борба


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска во рамките на програмските активности за одбележување на празникот 11 Октомври – Ден на народното востание и по повод 80 годишнината од овој настан, му беше врачена плакета за неговиот придонес во афирмацијата и негувањето на вредностите и традициите на антифашистичката борба, којашто му ја […]

(Во живо) Чествување на 11 Октомври во Прилеп


Обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на свеченоста по повод „80 години од Денот на народното востание, 11 Октомври“ на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп. На настанот ќе се обратат и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски и претседателот на Главниот одбор на Сојузот на Борците, Никола Стојановски.

Уште 316 заразени со корона вирус, починаа 10 и четворица од претходно


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: – Направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – […]

МЗ: За два дена аплицирани 4.418 вакцини, 38 отсто од популацијата вакцинирана


Во петокот и вчера се аплицирани вкупно 4.418 вакцини, од кои како прва доза се аплицирани 1.132, а ревакцинирани се 3.129. Трета доза примиле 157 граѓани. Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. 53 проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 […]