Имам елка без лампиони, ќе ја викам Скопје-Твитер реакции за новогодишното (не)украсување


Фото: Б: Грданоски

Четрнаесет дена до Нова година, Плоштадот Македонија во Скопје сè уште е без новогодишна елка, а не е поставена ниту една светилка и лампион кои ги симболизираат и најавуваат новогодишните и божиќните празници. Иако градоначалничката Данела Арсовска преку видео обраќање најави дека центарот на градот ќе почне да се украсува од 10 декември, Плоштадот зјае празен.

Од кабинетот на градоначалничката Арсовска не кажаа конкретно зошто се доцни со поставување на елката и новогодишните украси, туку само одговорија дека китењето треба да се изврши од 10 до 15 декември.

Во ова време невреме, сепак има луѓе со дух кои на Твитер ја опишаа предновогодишната тапа атмосфера во главниот град и низ Македонија.