(Фото) Тетово накитено со билборд со долгот на општината наследен од Арифи


Фото: Б. Грданоски

На плоштадот во Тетово поставен е билборд на кој го пишува долгот на општината кој е наследен од поранешната градоначалничка Теута Арифи.

– За да бидеме транспарентни, преку монитор, долгот на општината ќе биде видлив за граѓаните на плоштадот – најави пред извесно време градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами објавувајќи детали околу долговите на локалната самоуправа.

Градоначалникот касами најави дека има неколку активности со кои планира да го намали долгот. Рече дека ангажирал внатрешна ревизија која детално ја анализира стуктурата на долговите, а според него има задолжувања на Општината за работи кои се преземени досега.

Според Касами, општината должи вкупно 24 милиони евра.

Фото: Газета експрес