ОБСЕ донира опрема за Единицата за службени кучиња при МВР


Фото: Б. Грданоски

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која денеска во Министерството за внатрешни работи му предаде донација од возила на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Опремата е наменета за Единицата за службени кучиња при МВР. Донацијата е дел од заеднички проект на ОБСЕ и МВР, насловен „Обезбедување поддршка на националните власти на Република Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фото: Б. Грданоски

Донацијата во вкупна вредност од 236 илјади евра, е во контекст на реализација на уште еден значаен заеднички проект за „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“.

Министерот Спасовски информираше дека во рамки на имплементирање на сите критериуми и стандарди на модерно полициско функционирање и работење, со мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија е потпишан Договор за донација на 14 возила за потребите на Единицата за службени кучиња.

– Овој проект, што е суштински битен за проблематиката што ја опфаќа контролата на малото и лесно оружје и муниција, има за цел да ги зајакне капацитетите на Министерството, но паралелно со тоа и да се етаблираат нови знаења, вештини и практики во насока на зголемување на професионално-оперативните стандарди. Се разбира, крајната цел е натамошно зголемување на нивото на безбедност на граѓаните преку поквалитетна контрола на малото и лесно оружје и муниција, рече меѓу другото Спасовски.

Предвидено е проектот, што веќе етапно се реализира од март годинава, целосно да биде имплементиран до 2023 година.

Фото: Б. ГрданоскиШефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, во оваа прилика нагласи дека изминатите неколку децениии Балканот се соочува со феноменот на пролиферација на мало и лесно оружје.

Целта на овој проект, како што исткна, е да ги поддржи напорите на земјата за спроведување на меѓународните обврските на терен за спречување и борба против пролиферација на мало и лесно оружје и со тоа да придонесе за безбедноста и стабилноста на земјата и на регионот.

 

Фото: Б. Грданоски

Според амбасадорот Која, приоритети на проектот се подобрување на координацијата и механизмите за меѓуагенциска соработка и градење на капацитетите на Единицата за службени кучиња.

Тој информира дека донатори на оваа помош се САД, Германија и Франција.

Амбасадорот Која истакна дека заеднички се работи на решавање на недостатокот на мехнизми за меѓуинституционална и прекугранична соработка и координација, што се неопходни, подвлече, за спречување и борба против недозволената трговија со мало и лесно оружје.

– Краткорочно овој проект ќе помогне да се зајакнат капацитетите за регулаторна, оперативна и меѓуагенциска соработка на МВР за борба против пролиферација на мало и лесно оруижје и злоупотреба на огнено оружје, како и капацитетите за подобрување на инфраструктурата и работата на МВР, изјави амбасадорот Која.