Нов изглед на „Независен“

Го подобривме лифтингот на нашата веб-страница за да има поголема јасност и флексибилност, чувство за хиерархија и подобрување на читливоста низ страницата


 

Драги читатели,

Веројатно забележувате дека работите на веб-страницата на „Независен“ денес се поинакви отколку што беа вчера. „Независен весник“ почна пред четири години и како печатен весник и како веб-страница. Во овој период еднаш се случи подобрување на нашиот дигитален лифтинг, а во меѓувреме поради ужасните трошоци за печатење и тешките услови на пазарот го запревме нашето печатено издание.

Новата почетна страница е дизајнирана за да има јасност и флексибилност, која ќе ви помага брзо да ги следите клучните вести на денот, но и со навигација која ве води директно до темите што ви се важни. Подобрените технички и визуелни можности се во согласност со промените што се случуваат на европско и пошироко ниво во овој драматично интензивен пазар на пласирање вести, анализи и коментари. Со новиот изглед ќе се обидеме да ви ги кажеме сториите на попривлечен начин.

Имавме две цели при редизајнирањето на изгледот – да се создаде јасно чувство за хиерархија и да се подобри читливоста низ страницата. Веруваме дека го постигнавме ова – се надеваме дека и вие го мислите истото.

Се надеваме дека ќе уживате во новиот „Независен“.

Љупчо Поповски, главен и одговорен уредник