Конкурс за годишната награда на Асоцијацијата на архитекти и наградата „Андреја Дамјанов“


Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ)  го објави конкурсот и за доделување на Голема годишна награда за 2021 година и за предлагање можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2021 година. -Двете архитектонски награди претставуваат афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја, посочува во пишана изјава претседателот на ААМ, проф.д-р Мишко Ралев. Големата годишна […]

Стабилно време, од петок пораст на температурите


Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе се задржи претежно […]

За седуммина граѓани на Авганистан обезбеден траен престој во Португалија, во земјава во моментов престојуваат 400 Авганистанци


Седуммина граѓани на Авганистан, четворица возрасни и три деца, изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште, соопшти владината Прес-служба. Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош […]

Објавен прирачник за предавање контроверзни теми во училница


 Здружението LEAD објави прв прирачник за предавање контроверзни теми во училница, наменет за наставници. Според LEAD, предавањето и дискусијата на контроверзните теми се уште е предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја и  наведува дека 86 отсто од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието. Прирачникот „Предавање […]

Маратонецот Адем Селмани од Тетово, со стотици медали, пехари и дипломи и на 54 години не се откажува од трчање


Стотици медали, пехари, дипломи, голем број пријателства, впечатоци и спомени од огромниот број маратонски трки во изминатите три децении се единствената придобивка од оваа атлетска дисциплина поради која и во 54-тата година од животот не се откажува тетовецот Адем Селмани. Неговиот ентузијазам не престанува и покрај никаквите услови во градот, а тој и постојано се […]

Аерозагадувањето во големите градови останува многу загрижувачко прашање, се констатира во Извештајот на ЕК


Во следната година Северна Македонија треба особено да ја подобри интерсекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на аеро-загадувањето на локално и национално ниво, да направи значајни чекори во воспоставување на регионален систем за менаџирање со отпад, да го имплементира Парискиот договор, вклучително и да направи адаптација со Стратегијата и законите со […]

Зимското сметање на времето почнува во предизборната ноќ меѓу 30 и 31 октомври


Северна Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Специфика за земјава е што […]

Предавање „Одржливо пчеларство – искуства и практики“


Климатските промени и пчеларството, одржливо пчеларство и методи, се дел од темите кои ќе бидат опфатени на денешното предавање „Одржливо пчеларство – искуства и практики“. Предавач ќе биде Боштјан Ноч, експерт за пчеларство, претседател на пчеларското здружение на Словенија и иницијатор на Светскиот ден на пчелата. На настанот ќе се обратат словенечкиот амбасадор во Скопје […]

За пет дена бројот на активни случаи порасна од 5.700 на 6.200, вчера девет процентни од тестираните позитивни


Во ковид-статистиката вчера, како и претходните викенд денови, беше забележан пад на бројот на заразени во однос на направени тестирања. Од 1.514 тестирања, беа регистрирани 135 нови случаи или околу девет проценти. Во работните денови, тој процент се движи од 10 до 16. Од друга страна, забележан е пораст на активните случаи во последните пет […]

Традиционален словенечки пчеларник во Кочани


По повод одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, во дворот на Земјоделскиот институт, единица во Кочани, утре ќе се одржи инаугурација на традиционален словенечки пчеларник. На настанот свечено ќе биде предаден во употреба традиционален словенечки пчеларник, донација од Република Словенија по повод 30-годишнината од независноста и во чест на словенечкото претседавање со ЕУ. Официјално обраќање […]

Сончево со ниски утрински температури


Сончево време со ниски утрински температури ќе преовладува денеска во земјава. На повеќе места утринските температури ќе бидат под нулата и ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 […]

Резултатите од локалните избори се префрлија на рочиштето за „Плацеви на Водно“


Адвокатите на Орце Камчев едвај да ѝ дозволија на обвинителката Лиле Стефанова да ги чита доказите постојано прекинувајќи ја   Изгледа дека резултатите од првиот круг на локалните избори се префрлаат и во судниците во Кривичниот суд. Денеска за време на рочиштетото на случајот „Плацеви на Водно“ обвинителката Лиле Стефанова речиси и да не можеше […]

ЈСП: Од утре се воведува автобуската линија 50А до Хиподром 2


Од утре трасата на автобуската линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од возилата ќе возат до Хиподром 2 со ознака 50А. Како што соопшти ЈСП „Скопје”, возилата на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линија 63 и ќе ги користат постоечките постојки на трасата. Возниот ред на 50А е […]

Заокружен твининг проектот за развој на цивилното воздухопловство


Преземени се активности за усогласување на домашното законодовство со прописите на Европската унија  во областа на воздухопловството и унапредени се оперативните и техничките капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку твининг лајт проектот „Поддршка за учество во ЕЗВО-Европска заедничка воздухопловна област“, што беше заокружен денеска со онлајн конференција. Целта на проектот, финансиран од ЕУ, што […]

Нови 135 случаи со Ковид-19, 11 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.514 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово […]

Мурал со дела од Владо Малески насликан на фасадата на Центарот за култура во Струга


Уметникот Горан Ристовски наслика мурал со мотиви од творештвото на истакнатиот писател и општествено – политички работник, Владо Малески на фасадата од јужната страна на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. На површина од 13 метри должина и седум метри висина, композицијата, како што појасни авторот, е составена од познатиот „струшки вез“ симболизирајќи на […]

ЕК: Новинарите се повеќе напаѓани,медиумите финансиски неодржливи а МРТ има најнизок буџет во последните 10 години


ЗНМ го објави делот од извештајот на Европската комисија во кој се дава оценка за слободата на медиумите во земјата, која генерално се смета за поповолна, но и натаму со многу проблеми.   -Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од […]

УХМР: Следните два дена претежно ведро со ниски утрински температури


Во следните два дена времето ќе биде претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за […]

Одобрена реконструкцијата на салата „Партизан“ и изградба на базен


Општина Карпош соопшти дека издадено е одобрението за реконструкцијата на салата „Партизан“, како и решението за изградба на новиот пливачки базен до култната спортска сала. Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја финализира постапката за избор на изведувачи за двата спортски објекти. Имено, двете јавни набавки се во фаза на евалуација на пристигнатите понуди, по […]

ДКСК и по две години чека разрешница на нивните иницијативи од ЈО и од Уставен


Потребна е проактивност од другите институции кога се работи за предмети кои се од особен јавен интерес, изјави денеска директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, посочувајќи дека сѐ уште чекаат одговори по нивните иницијативи од Јавното обвинителство, како и по иницијативите за разрешување на одговорни лица, за ограничување на дискреционите права […]