Имунолог порачува: Немојте да ги мерите антителата во крвта


Антителата се само еден вид одбрана од коронавирусот и врз основа на нивната количина не може точно да се утврди дали сме имуни или не, изјави за РТС имунологот Милош Марковиќ од Медицинскиот факултет во Белград. Тој ги повика луѓето да се вакцинираат и да не ја мерат количината на антитела. „Антителата се само еден […]

Нови ковид протоколи за влез во Данска и Италија


Данска и Италија со нови Ковид протоколи за македонските државјани. Со најновата одлука на данските власти во оваа земја ќе можат да се влезе со валиден ЕУ дигитален сертификат кој вклучува потврда за вакцинација (вакцини одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.  Во Италија, пак, македонските граѓани не ќе […]

Во тек е дополнителната исплата на образовен додаток


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека е во тек дополнителната исплата на образовен додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Со  дополнителната  исплата се опфатени  3872 корисника. – Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната […]

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Центар


ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известува дека, поради уличен дефект на булевар „Македонско Косовска Бригада“ бб кај Стовариштето, денеска од 9 часот без вода ќе бидат корисниците од улиците „376“, „Самоилова“, „Банатска“, потоа Американската Амбасада, Турската Амбасада и „Јоаким Крчоски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Одбележување на Светскиот ден на пчелите во Кочани


Традиционален словенечки пчеларник, донација од Амбасадата на Република Словенија, ќе биде денеска свечено поставен во Земјоделскиот институт-Одделение за ориз во Кочани. Настанот под мотото „Пчелите се таму каде што е и пријателството“, како што информираат од амбасадата на Словенија, е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, во соработка со Земјоделскиот институт, општина […]

Се зголемува интересот за трета доза од вакцината против Ковид-19, но не и за првата


Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 6.191 од кои најголем број 3177 се во Скопје. Во Куманово има 433 активни случаи, во Велес 316, во Прилеп 243, во Битола 207, во Кавадарци 196, во Штип 191, во Охрид 183, во Кочани 166… Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати […]

Сончево со ниски утрински температури


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст […]

Баровите и дискотеките ќе работат со 50 отсто исполнетост, се дозволуваат и семинари, обуки… во затворен простор


Владата денеска на седница согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе заклучок да се дозволи организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50 проценти исполнетост од капацитетот на просторот. Се дозволува и работа на барови и ноќни […]

Од 15 ноември за влез во објектите ќе се бара сертификат за две дози вакцина


Од 15 ноември 2021 година за влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип ќе биде потребен сертификат или потврда за извршена имунизација (вакцинација) од Ковид-19, односно примени две дози на вакцина, или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. – Владата на денешната седница донесе […]

Изгаснат пожарот во Градскиот парк  


Изгаснат е пожарот што ги зафати напуштените бараки каде беше сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари. – Пожарот е завршен. Ставен […]

Првата дама Ѓоргиевска на ЕКСПО 2020 во Дубаи зборуваше за улогата на жените


Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на панел дискусијата „Визии и патувања“ во рамки на Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Заблагодарувајќи се за честа да биде дел од Павилјонот за жени ЕКСПО 2020 Дубаи и можноста да сподели ставови за родова еднаква иднина, сопругата на претседателот истакна дека истиот претставува […]

(Фото, видео) Се запалија бараките на Судот за прекршоци во Градски парк


  Пожар ги зафати бараките каде што порано беше сместен Судот за прекршоци, лоцирани веднаш до салата „Партизан“ во близина на Градскиот парк. Командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски  кажа дека веќе се излезени на терен и се интервенира.Од пожарот во опасност е и угостителскиот објект Томче Софка.   (Фото и видео: Б. Грданоски)

Расте интересот за вакцината против сезонски грип


Во првата недела на ноември се очекува да започне вакцинацијата против сезонски грип. Од центрите за јавно здравје велат дека се подготвени, но чекаат дозвола од Министерството за здравство за да започнат со спроведување на овој процес. За разлика од лани кога поради пандемијата беше низок интересот на граѓаните за вакцинација против сезонски грип, лекарите […]

Се сврши Иван, синот на експретседателот Ѓорге Иванов: Ме освои со шармот и насмевката (видео)


Се сврши Иван Иванов, синот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов. Иван сега е ослабнат и со скратена коса, тешко се препознава. Убавата вест самиот ја сподели во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде и првпат отворено проговори за својата избраничка чиј идентитет не е познат. „Во ова невино време, мене во животот ми влезе личност која […]

МЗ: Аплицирани вкупно 1.589.004 дози вакцини, а ревакцинирани 46 проценти од полнолетните граѓани во државата


Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини. Согласно податоците од Министерството за здравство, од вкупниот број аплицирани вакцини вчера, 748 се вакцинирани со прва доза, ревакцинирани се 1 629, а трета доза примиле 5 362 граѓани. -Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801 988 граѓани, ревакцинирани се 771 165, а […]

За една недела починале 124 лица со Ковид-19, 97 од нив биле невакцинирани


Во период од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со Ковид 19, од кои над 78 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, информира денеска Министерството за здравство. Еден пациент бил вакциниран со Фајзер, двајца […]

Се стопира изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци


Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место.   Ова, како што е објавено на фејсбукот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот. […]

Нови 511 заболени со Ковид-19, починаа 10 пациенти


Во последните 24 часа направени се 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на Ковид-19. Стапката на позитивни примероци е зголемува во однос на последните денови и изнесува 14,1 процент. Новозаболени според градови: • Скопје – 247 • Куманово – 54 • Велес – 29 • Кочани – 21 • Битола – 20 • […]

Исечени неколку здрави дрвја во Кисела Вода за кои ЗХГ предупредуваше


Вчера беа исечени неколку здрави повеќегодишни дрвја во населбата 11. Октомври, пишуваат од Зелен хуман град, а за нив од движењето уште на 24 октомври се обратјасо барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Општина Кисела Вода за парцелите КП3123/3, КП3123/8, КП3124/6 и КП3125/2. – Од Општината до денес не добивме ниту […]

Вдомени првите кучиња преку „Лајка“ во Велика Британија


Кампањата Вдоми куче, вдоми љубов добива нова димензија. По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска, а од денес и во Обединетото Кралство. – Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, […]