ДКСК работи со исти ресурси, но испорачува резултати


И во овој извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, како и претходно, повторно се нотира напредокот во делот на борбата против корупцијата и судирот на интереси и се оценува дека Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) е особено проактивна во превенција на корупцијата и во отварање голем број предмети, вклучително на оние […]

Временските услови оптимални за земјоделските активности


Сувото време по обилните врнежи е повеќе од добредојдено во овој период од годината за земјоделските култури, кога есенската сеидба е на почеток, но поволно се одразува и врз прибирањето на родот што остана на нивите пред врнежите, посебно на жетвата на оризот. Како што велат агрометеоролозите, промената на времето што се случи викендов беше […]

Објавен прирачник за предавање контроверзни теми во училница


Здружението LEAD објави прв прирачник за предавање контроверзни теми во училница, наменет за наставници. Според LEAD, предавањето и дискусијата на контроверзните теми се уште е предизвик за наставниците од училиштата во нашата земја и  наведува дека 86 отсто од учениците никогаш немале можност да разговараат за тековни општествени прашања во рамки на образованието. Прирачникот „Предавање […]

Здравството се соочува со загуби на медицински кадар, особено на специјалисти, нотира ЕК во Извештајот


Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата. Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен. – И покрај обезбедувањето на зголемени плати […]

Сончево со променлива облачност и слаб до умерен ветер


Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура […]

Од ЗХГ предупредуваат: Ќе се исечат 17 дрвја за нов станбен објект во Кисела Вода


Во Скопје продолжува бетонизацијата и сечата на дрјва, предупредуваат денеска од Зелен хуман град. Овојпат, се работи за Кисела Вода, односно локција, покрај булеварот „БОрис Трајковски“, во населбата 11. Октомври. – Новите згради кои се планира да никнат до ул. „Борис Трајковски“ во населба 11. Октомври значат смрт за 17 големи дрвја и приближно уште […]

227 нови случаи на Ковид-19, починати се 15 лица-најмладиот има 41 година


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, […]

Луцидниот книжевен теоретичар и поет Атанас Вангелов почина на 75 години


Само десетина дена откако му беше доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието, денеска почина луцидниот книжевен теоретирач, филолог и поет Атанас Вангелов. Имаше 75 години. Роден е во Богданци 1946 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. […]

Претседателот Пендаровски додели сертификати на учесниците на првата Школа за политики


Претседателот Стево Пендаровски денеска додели сертификати на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование, за 2021 година. На школата, која се реализираше преку четири едукативни семинари во периодот од март до ноември 2021 година, со учество на еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство, учествуваа 41 млади на возраст […]

Од утре очекувајте пониски утрински температури, од вторник и под нулата


Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата. Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла. Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на […]

Почнува претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“


Во вторник Општина Центар ќе започне со изведбата на 5-тата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Во оваа фаза се предвидува целосно затворање на улицата од крај на фаза 4 до крстосницата со улица „Ѓорѓија Пулевски“. За време на реализацијата на оваа фаза се забранува паркирањето на дел од улицата „Благоја […]

Бабовски: Храната што ја јадеме е безбедна, ниту една небезбедна пратка не влегува на пазарот


Граѓаните можат да бидат мирни. Храната што ја јадеме е безбедна. Контролите се континуирани и зајакнати, надзорот се засилува, а бројот на инспекции е зголемен, уверува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Во разговорот за МИА по објавувањето на Извештајот од Европската комисија, Бабовски подвлекува дека има и небезбедни пратки, но […]

Променливо облачно и посвежо со умерен повремено засилен северен ветер


Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Попладне почнувајќи од северните делови облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната од 12 до 18 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, […]

Нови 482 позитивни на Ковид-19, починаa 12 лица


 Уште 482 позитивни на Ковид-19 се регистрирани во државава, според податоците на Институтот за јавно здравје  за претходното деноноќие, односно над 10 проценти од направените 4.151 тест. Оздравени се 280 пациенти, а пријавени се 12 починати лица во изминативе 24 часа. Министерството за здравство вечерва информираше дека од вкупниот број на заразени од Ковид-19 во […]

Нов производствен капацитет во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ во Кочани


Компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани, која денеска ја одбележува осумгодишнината од основањето, отвори нов производствен капацитет за производство на кабли за автомобилската индустрија. Погонот е на површина од 3.500 квадратни метри затворен простор, а само за машини и опрема, што се најсофистицирани и најсовремени во оваа област, инвестирани се пет милиони евра. – За […]

Вчера биле вакцинирани 6.830 граѓани, трета доза примиле 4.720, а прва само 638 лица


Во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани вкупно 6.830 граѓани, а од нив трета доза примиле 4.720 лица, соопшти Министерството за здравство. Прва доза примиле само 638 граѓани. Од Министерството велат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. До сега вкупно се аплицирани 1.590.219 дози […]

Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени ЕК


Северна Македонија е умерено подготвена во областа на надворешните односи и постигна одреден напредок во текот на минатата година, констатира Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава за 2021 година. – Северна Македонија ја продолжи својата добра соработка со ЕУ, вклучително и во рамките на Светската трговска организација (СТО). Беше имплементиран Дополнителниот протокол 5 […]

Одбележување на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“


По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, Владата на Република Северна Македонија организира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје. На настанот, со почеток од 10 часот, ќе биде присутна владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на […]

Бизарни претставки до АХВ – пензионерка онлајн купила машина за везење, но добила две платнени маски


Ми мириса во влез на печено месо и пржени компири, јастребот на соседот ми ги усмртува гулабите, да дојдете да го отстраните осилото од дрво во Градски парк зашто се плашиме и не можеме да се релаксираме, бездомните кучиња гласно лаат, не вознемируваат, не можеме да спиеме… Ова се само дел од купот претставки што […]

Над 5.000 лица примиле трета доза вакцина против Ковид-19, досега ревакцинирани 35 отсто од граѓаните


Државните здравствени институции продолжуваат со вакцинација на населението против Ковид-19. Последните податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 21 месецов во државава се вакцинирани над 800.000 граѓани, односно 767.800 граѓани се ревакцинирани. Воедно, на пет илјади граѓани ја примиле трета анти ковид доза на вакцината. – Од популацијата над 40-годишна возраст […]