Жичницата до Водно почнува со работа следната недела – по четворица во кабина, со маски


Фото: Б. Грданоски

Жичницата која пренесува патници од Средно Водно до Милениумскиот крст ќе почне да функционира во текот на наредната недела, информираат од ЈСП „Скопје“.

Од ЈСП – Скопје информираат дека се завршени сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспект, а одобрен е и Протоколот за работа на ќичницата во услови на Ковид-19, според кој е предвидено во една кабина да можат да се превезуваат максимум четири лица, односно искористеност на 50 проценти од вкупниот капацитет на кабината, а патниците треба да носат заштитна маска.

Воедно, три пати во текот на денот ќе се врши дезинфекција на подот и внатрешноста на кабините.

Жичницата беше ставена во мирување на почетокот од пандемијата наметната од коронавирусот (15.03.2020 година), како последица на мерките за заштита од ширење на вирусот.