И утре нема да работат семафорите кај Народна банка


Фото: Б. Грданоски

ЈП Улици и патишта ја повика полицијата да не дозволи утре да се направи метеж низ Скопје во периодот кога семафорите во централното градско подрачје нема да работат, односно од 8 до 15:30 часот.

-Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј „13 Ноември“, Правен Факултет и улицата „Мирче Ацев“, делот кај паркингот „Холидеј ин“ и околината. Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија, се наведува во соопштението на јавното претпријатие. 

Истата најава ја имаше и за денеска.