Шилегов се жали на загадениот воздух – и денеска не е поарно


Фото: Б. Грданоски

Доскорешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, на Фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град, објавувајќи висок резултат на една од мерните апликации по полноќ.

Шилегов го објави резултатот на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје  и напиша „Go green…“.

Скопје синоќа се вбројуваше во првите десет најзагадени градови во светот, според сервисот „Iqair“. Со индекс на квалитет на воздух 181, главниот град е шести на листата на загадени градови.

Апликацијата „Мој воздух“ покажа високи вредности на загаденост во сите делови на Скопје.

И денеска не е ништо подобро. ИМено, мерните станици покажуваат висока загаденост во Лисиче – 219, Карпош – 169, Центар – 154, Ректорат – 143, Гази Баба – 142.

Деновиве во Скопје нема ветар, па тоа придонесува загадениот воздух да остане над градот.