Построги мерки или едукација – што е поцелисходно против Ковид-19


Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести со кои се бара вработените во јавниот сектор на работното место да приложат сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест со важност од 72 часа кој ќе го прават на нивни трошок или сертификат за прележан ковид се уште ја бранува јавноста. Надлежните здравствени власти остануваат на ставот дека овие […]

„А1 лизгалиште“ во СЦ „Борис Трајковски“ ја започнува новата сезона


„А1 лизгалиште“ денеска ја започнува новата сезона, информираат од Спортскиот центар „Борис Трајковски“. – Избегнете ги гужвите во затворен простор и дојдете на единственото место за забава и релаксација на мраз за целото семејство. Подгответе се за нови зимски лудории, стои во соопштението од СЦ „Борис Трајковски“.

Одбележување на Светскиот ден на детето


Светскиот ден на детето првпат во 1954 година беше прогласен за Универзален ден на детето и се слави на 20-ти ноември секоја година за да се промовира меѓународното заедништво, потребата од заштита на правата на децата и подобрувањето на нивната благосостојба. Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Светскиот ден на детето ќе го прослави отстапувајќи […]

Децата повеќе играат со некој член од потесното семејство, отколку со мајката и таткото


Повозрасните членови од потесното семејство, а не мајката и таткото, се оние со кои најчесто си играат децата, покажуваат податоците што Државниот завод за статистика ги објави по повод 20 Ноември -Светскиот ден на детето. Според објавените податоци, 32 проценти од децата најмногу играат со таткото, 73 проценти со мајката, а 88 проценти играат со […]

Променливо облачно, од понеделник дожд


Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје, рано наутро ќе биде облачно, а веќе до […]

Уличен дефект ја остави Општина Аеродром без вода


На ден 19.11.2021 поради уличен дефект ф 100 мм на Бул.„Видое Смилевски Бато“ (кај „Жито Маркет“) во Општина Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.„Видое Смилевски Бато“ од бр.31 до бр.93 (висока зона) од 16:10 часот до санирање на дефектот. Исто така поради уличен дефект ф 80 мм на улица „Козле“ бр.108, денеска од […]

Филипче: Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна затоа што тие треба да бидат пример


Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна поради тоа што здравствените работници се тие кои што треба да бидат пример за тоа. Доколку пациентите доаѓаат таму да се лекуваат, мора да знаат дека луѓето кои ги лекуваат се целосно вакцинирани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. За предлог-мерките, како што рече, ќе се разговара […]

Корнхаузер-Дуда: Ги охрабрувам лицата кои не се вакцинирани, да се вакцинираат


Во последните месеци живееме во натпросечна и тешка ситуација предизвикана од корона вирусот. Тој е непријател кој напаѓа во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека е најважна меѓународната соработка, бидејќи само со помош на таа соработка можеме да се бориме со коронавирусот, изјави Агата Корнхаузер-Дуда, сопруга на полскиот претседател, која денеска заедно со министерот […]

Ботаничката градина во Скопје има 300 грмушки и дрвја од наше поднебје и 500 донесени од страна


Вкупно 300 грмушки и дрвја од нашето поднебје од кои повеќето засадени пред седум децении, како и 500 алохтони видови донесени од страна, брои Ботаничката градина при Факултетот за природно-математички науки во Скопје. Ботаничката градина која денеска одбележа 70 години од формирањето, постепено го враќа стариот сјај. Повторно се поставени табличките покрај секое растение за […]

Нови 444 заразени, вкупно 16 починати


Нови 444 позитивни на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од 2938 тестирања, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 467 пациенти, а починати 11 во изминатото деноноќие. Дополнително, пријавени се пет починати лица, со датум на смрт од 9 до 16 ноември, согласно Регистарот на умрени лица […]

Дамски протокол: Ѓоргиевска и Дуда со заеднички активности во Скопје


Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска заедно со сопругата на полскиот претседател, г-а Агата Корнхаузер-Дуда, во рамки на Дамската програма, реализираа неколку заеднички активности во Скопје, во насока на подигање на јавната свест за ранливите и маргинализирани заедници, децата со попреченост и промоција на волонтерството По официјалната цермонија на пречек со највисоки државни и воени почести во претседателскиот […]

(Во живо) Филипче, Корнхаузер-Дуда и Ѓоргиевска во посета на Институтот за трансфузиона медицина


Министерот за здравство Венко Филипче денеска заедно со првата дама на Република Полска, Агата Корнхаузер-Дуда, и првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, ќе го посетат Институтот за трансфузиона медицина. На Институтот од вчера се складирани 200.070 вакцини „Фајзер“, донација од Полска.

​​Отворен првиот Национален центар за поддршка на социјалните претпријатија


На денешното отворање на првиот Национален центар за поддршка на социјалните претпријатија министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече дека Центарот ќе овозможи системска поддршка на новите и на постојните социјални претпријатија, бидејќи тие се клучни во  решавање на предизвиците на локално ниво поврзани со сиромаштијата, невработеноста и други социо-економски прашања во врска […]

Акција за садење дрвца во сите 11 градинки во Општина Аеродром


Во пресрет на утрешниот „Светски ден на детето“ во сите 11 градинки на територијата на Општина Аеродром се одржа еколошка акција во соработка со општествено-одговорната компанија „Цветан Димов“. Акцијата беше целосно поддржана од вработените во градинките кои заедно со најмладите помогнаа во поставувањето на садниците, а присуствуваше и градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски.  -Децата […]

Финансиска полиција во Општина Тетово, Касами вели дека е политички притисок


Финансиската полиција извршила проверки во општина Тетово за некои случаи на поранешниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами изјави дека тоа е политички притисок, бидејќи како што вели, Финансиската полиција немала време да ги процесуира овие случаи додека на чело на општина била Теута Арифи. „Денеска, пред да дојдам овде, ме […]

Синдикатот од културата е против предложените ковид-мерки


Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска соопшти дека се спротиставува на предложените мерки од Комисијата за заразни болести за вработените во јавниот сектор, кои при одење на работно место ќе треба да прикажуваат потврда за примена најмалку една вакцина или негативен ПЦР тест направен на сопствен трошок.   Како понудена варијанта на вакцинирањето, […]

МЗ: 69 отсто од новите случаи и 80 отсто од починатите со Ковид-19 се невакцинирани


Во период од 6 август до вчера на територија на државата 53.682 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид-19 од кои 31 отсто биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 36.980, граѓани, односно 69 отсто од позитивните на Ковид-19 не […]

Здравствен центар Врање: Одобрено е давање трета бустер доза на вакцина за македонските државјани


Од вчера одобрено е давање трета бустер доза вакцина за граѓаните на Република Северна Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање. Како што јави дописникот на МИА од Белград, од Здравствениот центар соопштија дека примарно е имунизацијата на српските граѓани да се одвива непречено. -Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против Ковид-19. Исто така, […]

Доделени 81 стипендија на ученици за учебната 2021/2022 година


Со пораки за понатамошни успеси и достигнувања во областите на спортот, науката и културата, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги додели стипендиите на талентираните ученици од општинските основни училишта. Герасимовски додели вкупно 81 стипендија во висина од 2500, односно 3000 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет, кои учениците ќе ги користат до крајот на […]

Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје.   Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.   Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а […]