Од понеделник зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд


Утре во земјава ќе се задржи ветровито време, по должина на Повардарието со засилен северен ветер. Температурите ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје слично време со утринска темератрура од пет степени и максимална дневна до 15 степени Целзиусови. Како што информира УХМР, во недела утрото ќе биде постудено, […]

Шекеринска најави ново вооружување, од 2024 година и набавка на хеликоптери


Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беа промовирани нови 70 подофицери на Армијата на Република Северна Македонија, кои во периодот август – ноември посетуваа курс за подофицери во кампот за обука „Пепелиште“ на Армискиот полигон „Криволак“. Претходно, во два наврата беа промовирани 120 нови подофицери во Армијата од редовите на професионалните војници, во две групи. […]

Денес ќе бидат промовирани нови 70 подофицери


  Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе бидат промовирани нови 70 подофицери на Армијата на Република Македонија.На свеченоста ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Новите подофицери се од армиските родови: артилерија, врски, пешадија, специјални единици, воздухопловно-техничка служба, интендантска служба, сообраќајна служба, техничка служба и санитетска служба. Тие во периодот август – ноември […]

Одбележување на Светскиот ден на тоалетите


Невладината организација Новинари за човекови права и годинава го одбележува 19 Ноември, Светскиот ден на тоалетите со фокус на непречен пристап до јавните тоалети. По тој повод денеска во 12 часот, во паркот под железничка станица, во населба Мичурин  организираат настан со цел да се подигне свесноста за неопходноста од јавни тоалети. За таа цел, […]

МЗ: Банката на Советот на Европа најави повлекување на финансирањето на штипската Клиничка болница


Има најави дека Банката на Советот на Европа, која беше финансиер на изградбата на новата Клиничка болница во Штип дека ќе се повлече, велат од Министерството за здравство по обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Со оглед на тоа што има каснење на изведбата како резултат на судски процес и блокада помеѓу изведувачот и првичниот подизведувач, Банката […]

Директорот на ГТЦ: Нема крадење на струја во нашите простории


Нема крадење струја во нашите објекти, вели директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајевски во емисијата „Утрински брифинг“, запрашан на темата дали во просториите на ГТЦ се краде струја за копање биткоини. -Немаме никаков зголемен трошок на струја во овие магацински простории, јавно демантира Трајчевски. Според него, во сопственост на ГТЦ се 500 локали, дел во сопственот […]

Што ќе каже Владата за предлог-мерките на Комисијата за заразни болести


Во очекување Владата да се произнесе за предлогот на Комисијата за заразни болести за заострување на мерките против КОВИД-19 и зголемување на опфатот на имунизација, Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера, вкупно се вакцинирани 818.689, а ревакцинирани се 787.837 граѓани. Трета доза примиле 59.735 граѓани. Во меѓувреме предложените мерки наидоа на поделени реакции […]

Седумдесет години од формирањето на Ботаничката градина при ПМФ


Ботаничката градина при Факултетот за природно-математички науки во Скопје денеска одбележува 70 години од формирањето.  Јубилејната прослава, како што е најавено, ќе се одржи во дворот на Ботаничката градина. Ќе се обратат деканот на Природно-математичкиот факултет во Скопје проф. д-р Александар Скепаровски, Робертина Брајановска од Македонското еколошко друштво и проф. д-р Рената Ќуштеревска – раководител на Институтот за […]

Облачно, со слаб ветер и температура до 16 степени


Претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе од 9 до 16 степени. Во Скопје, умерено облачно со умерен ветер од северен правец. […]

Нови 493 случаи на Ковид-19, оздравени 532, починале 17 лица


Во последните 24 часа регистрирани се 493 нови случаи на КОВИД-19, од направени 2.911 тестирања. Оздравени се 532 пациенти, а починале 17 лица. Како што информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани […]

Јакимовски: Акутните проблеми со фекалната канализација ќе се санираат со брзи интервенции


Градоначалникот Стевчо Јакимовски во придружба со претставници од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи од Општина Карпош, денеска беше во теренска обиколка на неколку локации низ општината. Целта на оваа иницијатива, информираат од прес-службата на Општина Карпош, е да се утврдат акутните приоритетни проблеми, поврзани […]

Финансиската независност и понатаму главен проблем на судската власт


Функционалната анализа за основните судови во Република Северна Македонија, презентирана денеска од Центарот за правни истражувања и анализи, (ЦИП) исто како и претходните анализи изготвени од ова невладина организација укажува на проблемот со независноста на судството, пред се поради финансиската зависност од другите две власти кои што го креират и го донесуваат буџетот. – До […]

Антиковид-мерката препорачана за јавниот сектор ќе важи и за вработените во образованието


За вработените во образованието ќе важи истата мерка што е предложена од Комисијата за заразни болести за јавниот сектор – да бидат вакцинирани најмалку со една доза, да имаат негативен ПЦР-тест, потврда за прележан ковид или потврда дека не смеат да примат вакцина, рече ДушанТомшиќ, советник во Министерството за образование и наука. Во гостувањето во […]

ЛДП и ДОМ: Законски да се санкционира трошењето струја за криптовалути


Пратениците од ЛДП и ДОМ ќе предложат законски измени за регулирање на производството на криптовалути. – Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство на криптовалути за лично богатење на поединци, велат од партиите. Според нив бидејќи криптовалутите се прогласени за неприфатливи за животната средина и затоа дополнително ќе бараат […]

Учествувајте на ЕДУИНО игратонот – креативен предизвик за учење и игра 


По повод 20-ти ноември, Светскиот ден на детето, тимот од колективниот портал ЕДУИНО сака да поттикне безброј насмевки преку креативниот предизвик ЕДУИНО Игратон! Со почеток од 22 до 28 ноември, 2021 година, може да учествуваат сите деца од 3 до 10 годишна возраст во домашни услови со родителите/старателите, во градинките со воспитувачите и во училиштата […]

Судството ќе добие повеќе пари за да ги води поквалитетно постапките


Министерот за правда Бојан Маричиќ  вели дека во буџетот за следната година се планираат повеќе финансиски средства за судовите. Со тоа финансиски и кадровски ќе се зајакне правосудството и треба да биде  следено од ефикасни и квалитетни судски постапки, смета Маричиќ. -Доказ за нашата заложба и влог во правосудството е и буџетот за судство предвиден […]

До 400 евра глоби за неподнесување анкетни листови


 Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница запре неколку предмети за недоставување или задоцнето поднесување Анкетен лист од страна функционери и именувани лица, откако прекршочната комисија во Антикорупција им има изречено прекршочни пријави и соодветни глоби. Шемши Салаи, член на ДКСК, информираше дека еден од тие случаи е за поранешен пратеник во […]

Продолжува неказнувањето на напаѓачите на новинарите


  Според најновиот индекс за безбедност на новинарите кој се изработувал во земјите од регионот Република Северна Македонија споредбено со седумте земји од Западен Балкан покажува подобрување на состојбата со безбедноста на новинарите и медиумските работници. Сепак во однос на мерките за превенција во земјата, во индексот наведено е дека продолжува општата политика на неказнивост […]

Регионалната акција „Дрво на пријателството“ – ќе се сади во Автокоманда и Железара


И оваа есен повторно се организира регионалната акција „Дрво на пријателството“ што ја спроведува Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) во соработка со Мој Воздух/AirCare во Македонија и други локални партнери во сите земји од регионот на Западен Балкан.  На 19 и 20 ноември ќе бидат засадени вкупно 400 дрвја во повеќе градови во регионот, вклучително […]

Дувњак: Нема разлика дали некој убил со нож или поминал на полна линија


Гордања Дувњак, новинар со долго искуство во следењето на судските процеси во Македонија, изјави за „Утрински брифинг“ дека во суштина нема разлика дали некој убил со нож или поминал на полна линија, а со пресудите кај нас за вакви дела се остава впечаток дека човечкиот живот е безвреден. Имено, постојано се повторува при тешки сообраќајни […]