Средба на Клубот на пратенички со јапонски студенти


Фото; Б. Грданоски

Претседателството на Клубот на пратенички во Собранието денеска ќе одржи средба со студенти од Универзитетското училиште за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ од Јапонија.

– Оваа средби е од големо значење за студентите, кои се вкупно 12 на број и нивниот професор Стивен Шнеебаум од Меѓународната клиника за човекови права, со цел да обезбедат практично искуство од областа на човековите права, а секоја година одбираат прашање и земја за истражување во период од два семестра, што резултира со сеопфатен извештај и заклучоци, соопшти собраниската Прес-служба.

На иницијатива на магистрантот Јунг-Ју Чанг, годинава во фокусот на овие студенти се правните инструменти, домашните и меѓународните институции и законската рамка на земјава за борба против трговијата со луѓе. Нивната цел е да спроведат интервјуа и состаноци, кои ќе ги искористат за нивното истражување.

На средбата ќе присуствуваат претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова и членките на Претседателството, Гордана Сиљановска-Давкова, која е и претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, и Јасмина Димитриева од Советот на Европа, која накусо ќе информира за проектот за превенција и борба против трговијата со луѓе на ЕУ и Совет на Европа.

Средбата ќе се одржи во Собранието во салата „Борис Трајковски“.