Забрана за камиони преку ГП „Деве Баир“, Стража и Дебар-Маврово


Фото: Б. Грданоски

Поради обилни врнежи од снег, од 8.30 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.

Автомотосојузот претходно соопшти дека поради обилни врнежи од снег, забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 4:50  часот е воведена и на патот R1202 Дебар – Маврово.

Во северните и североисточните краеви на земјава поради врнежи од снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови по наместа влажни коловози, информираше АМСМ и препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.