Омикрон присутен во 77 земји, во Северна Македонија засега не е забележан


Омикрон-сојот се шири исклучително брзо и досега е забележан во 77 земји. Во Северна Македонија сè уште не е регистриран случај на новиот сој, а состојбата со коронавирусот засега е стабилна. И во светот и кај нас остануваат клучните препораки за заштита и за вакцинација, иако Светската здравствена организација укажа дека вакцините би можеле да бидат […]

Онлајн дебата „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“


Онлајн дебата со наслов „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“, со цел детектирање на проблемите во секојдневното живеење што произлегуваат од планските решенија на постојниот ГУП од 2012 година, како и утврдување на конкретни насоки за изработка на претстојниот ГУП, ќе се одржи денеска во организација на Зелен хуман град. Дебатата, како […]

Облачно, студено и ветровито


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната од 2 до 10 степени. Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до […]

Регистрирани 326 нови случаи на корона вирусот, починати вкупно 14


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на Ковид-19. Евидентирани сe 242 оздравени пациенти, а починати се осум лица, информира Министерството за здравство.   Од новите случаи на Ковид-19, 145 се во Скопје, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и […]

Ангеле Сотировски нов в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило”


Ангеле Сотировски е назначен за нов в.д. директор на Јавното Претпријатие „Паркови и зеленило”, по спогодбениот престанок на функцијата на досегашниот директор Ардијан Муча, соопштија од Град Скопје. Ангеле Сотировски е дипломиран економист со повеќегодишно работно искуство во јавното претпријатие „Паркови и зеленило”, каде е вработен од 2009 година.

Училиштето „Димитар Македонски“ ќе почне да работи од второ полугодие


По неколкугодишна изградба, Основното училиште „Димитар Македонски” во населба Лисиче доби нов објект во кој учениците ќе почнат да ја следат наставата во второто полугодие на учебната 2021/2022 година. Училиштето е изградено на местото на стариот објект кој беше урнат. Оставена беше само спортската сала која е реновирана. Министерката за образование и наука Мила Царовска […]

Сè уште тешко проодни патиштата до повеќе села во кичевско


Изминува и петтиот ден откако снежно невреме го зафати регионот на Кичево и кичевијата а сè уште не се целосно проодни патиштата до селата во Рабетинска Река, дел Беличка река и Копачијата. Покрај проблемот со патиштата, жителите на село Малкоец сè уште немаат електрично напојување, додека останатите села кои пред 3-4 дена ги имаа истите проблеми добија електрична струја. […]

Расчистени стеблата од столбовите на мостот на реката Вардар кај Неготино


Расчистени се стеблата од столбовите на мостот на реката Вардар кај Неготино, информираа денеска од неготинската локална самоуправа. – Како резултат на обилните врнежи од дожд дојде до зголемување на водостојот на реката Вардар, а тоа пак придонесе на столбовите на мостот да се соберат стебла кои го попречуваат нормалниот тек на реката и можат […]

Почна скијачката сезона на Попова Шапка, сега е во националниот парк „Шар Планина“ 


Со промотивниот настан „Шарска белина – Шарска убавина“ денеска на Попова Шапка се означи почеток на зимската скијачката сезона во новиот Национален парк Шар Планина, а беше промовиран планот за управување со националниот парк. Претставниците на надлежните институции имаа пригодни обраќања, а се одржаа и културно-забавни активности. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер […]

Имунизацијата на деца со педијатриските вакцини против Ковид-19 исклучиво во присуство на родител или старател


Вакцинација на малолетните лица ќе се одвива со задолжително присуство на родител или старател. Вакцини за КОВИД -19 ќе има во доволна количина, и нема да има приоретизирање според возраста, хронични заболувања или критична структура, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. – Секако дека е според тоа што го има како Комитетот […]

Левица тврди дека Владата се обидува да ја приватизира брзата помош


Министерот за здравство Венко Филипче, преку навидум бенигни измени на Законот за здравствена заштита, предложени по скратена постапка, денес – во Собранието на РМ – ќе се обиде да го протурка енормно штетниот план за отворање можност за приватизација на брзата помош и трансплантацијата на човечки органи, соопштуваат од Левица.Од партијата на Апасиев велат дека […]

Во буџетот за 2022 нема пари за К-15 за јавниот сектор


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор. – За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими, прашан дали има предвидено пари во Предлог-буџетот за регрес за годишен одмор за вработените […]

Во Гевгелиско регистрирани уште двајца починати од Ковид-19


Во подрачјето со надлежност на Општата болница во Гевгелија, во извештајот на ИЈЗ вчера беа регистрирани уште двајца починати ковид пациенти од Гевгелија и Дојран со кои најцрната бројка се зголеми на вкупно 109 починати пациенти. Од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија велат дека моментно се водат вкупно 115 активни случаи на подрачјето на […]

Следува студено време со повремени локални врнежи од снег


Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје. Минималната температура во петок ќе се движи од минус 5 до 3 степени, а максималната од 3 до 11 степени. Во сабота, слично време со минимална температура од минус 5 до 2 степени и максимална од 0 до 7 степени.  За недела УХМР прогнозира утрински температури […]

Неколку скопски улици денеска без вода


Без вода денеска од 11:10 часот се корисниците на улиците „Девол“, „Жданец“ и „Козле“ во скопската населба Нерези. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради водоводниот уличен дефект од Ф 80 милиметри на уллица „Девол“ бр.18. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. 

Македонија се уште не тестира за омикрон


Сојот омикрон галопира во европските земји, а Британија го пријави и првиот смртен случај на заразен со оваа варијанта од вирусот. Во Македонија засега нема детектирани случаи, зашто нема епидемиолошки причини за да се тестира токму овој сој. Но, Светската здравствена организација предупреди дека омикрон се шири со голема брзина и дека само вакцините не се […]

Добиле казна од 88.000 евра поради нелегално фрлање отпад на Вардариште


Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра.  Според извештајот […]

Патот Балван – Таринци кај мостот на реката Брегалница затворен за сообраќај


Патниот правец с.Балван – с.Таринци кај мостот на реката Брегалница е затворен за секаков вид на сообраќај. Како што соопштија од АМСМ, патниот правец е затворен од 10 часот, поради безбедноста за учесниците во сообраќајот. 

Специјалната болница во Отешево од понеделник ќе продолжи со прием на пациенти


 Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација – Отешево од понеделник, 20 декември, ќе почне со редовна работа, со термини за амбулантски пациенти, по една недела пауза, поради последиците предизвикани од невремето со снег што го зафати Преспанскиот регион. Поради лошите временски услови и прекинот со електрична енергија од саботата, болницата немала вода и основни […]