Петличковски: Предлозите за укинување на анти-ковид мерките заради колективен имунитет се хазардерски


  Некаде околу пикот сме на сојот Омикрон, имајќи предвид дека и во земјите во соседството и во земјите во Западна Европа, овој последен бран на корона инфекцијата се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше, истакна вечерва директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски. Тој не очекува во следните месеци и години короната […]

Стевчо Јакимовски, позитивен на Ковид-19


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на Фејсбук соопшти дека добил позитивен тест на коронавирусот. -Почитувани граѓани, сакам да ве известам дека денес направив тест за Ковид-19 и сум позитивен на корона вирусот. Иако ги почитуваме сите протоколи, како општинска администрација не можеме комплетно да се изолираме и да ги занемариме проблемите на граѓаните, па […]

Повторно над 2.000 новозаразени, починаа вкупно 14 лица


Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: • Скопје – 1.027 • Битола – 170 • Прилеп – 107 • Куманово – 86 • Струмица – 55 • Тетово – 49 • Охрид – 48 • Штип – 47 • Кавадарци – 45 • Гостивар и […]

Во Скопје масовно се крадат метални решетки за сливници


Само на две улици во Скопје изминатите денови биле украдени 13 метални решетки за сливници, алармираа од Водовод и канализација. Од таму се пожалија дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. „Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен […]

(Галерија) Групно фаќање на крстот во Вардар


По повод празникот Богојавление – Водици на мостот „Слобода” кај  „Холидеј ин“ во Скопје денеска се одржа традиционално осветување на водите на Вардар и положување на Чесниот крст. Поради пандемијата, бројот на пријавени граѓани кои влегоа во водите беше ограничен на 20-тина, а по претходен договор меѓу капачите, немаше традиционало скокање по крстот, туку сите […]

Следува влажен и студен бран со снег и голомразица


Под влијание на влажен и студен бран утре во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат и во петок, кога ќе се прошират и во останатите делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а […]

Мартин Гоџо го фати светиот крст во Охрид


Младиот Мартин Гоџо од населбата Варош во Охрид денеска го фати светиот крст кој беше положен во водите на Охридското Езеро. Тој беше најсреќниот меѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на езерото, кои утрово беа осветени со богојавленска богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски, Тимотеј. По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, […]

Седум лица од Македонија се разболеле од ковид третпат


    Од појавата на пандемијата до 16 јануари годинава, вкупно се регистрирани 3.380 реинфекции со ковид-19 кај лица кои претходно прележале, што е 1,4 отсто од вкупниот број на заболени, според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од повторно заразените седум се втори реинфекции, односно луѓе кои по третпат се разболеле.   Само […]

Нови Ковид протоколи за влез во Германија, Финска и Хонг Конг


Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата Германија ја врати Северна Македонија на листата на ризични земји, а нови ковид протоколи има и за влез во Финска и Хонг Конг,  соопшти денеска Министерството за надворешни работи. Со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување потврда […]

Во Маврови Анови измерени минус 12 степени, на Попова Шапка има 32 сантиметри снег


Најстудено изутрина во државава е во Маврови Анови, каде во 7 часот се измерени -12 степени,  како и Попова Шапка со -11, Берово со -10, Крива Паланка со -9.  Во Претор, Битола и Крушево температурата се спушти 8 степени под нулата,  -7 Тетово, -6 Охрид и Прилеп, -5 Струмица и Виница, -4 Скопје-Петровец, -2 Штип […]

За една недела за 33,9 отсто повеќе новозаразени со корона, позитивни над 24 отсто од тестираните


За една третина (33,9 отсто) е зголемен бројот на нови КОВИД-случаи од 10 до 16 јануари споредено со претходната седмица односно дијагностицирани биле 11.123 од направени 45.401 тест и просекот на позитивност бил 24,4 отсто. Епидемиолошките информации укажуваат дека земјата се наоѓа во пик на заразата и затоа, по препорака на Главниот координативен кризен штаб, […]

Православните верници го слават Богојавление-Водици


Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со Ковид-19, годинава […]

Учениците на продолжен распуст, УНИЦЕФ повика затворањето на училиштата да биде привремена мерка


Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1 февруари поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа во пик на КОВИД-заразата. Одлуката за одложен почеток на второто полугодие завчера ја донесе Владата по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на седница вчера таа го утврди и […]

Сончево и ветровито, со ниски утрински температури


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието. Минималните температури ќе бидат во интервал од -9 до 1, а максималните од 2 до 9 степени. Во Скопје наутро ќе преовладува студено, а преку денот сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 19 јануари 2022 година, 19-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 346 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 30 минути. Денов трае 9 часа и 32 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

ЗНМ бара Владата да ги почитува протоколите за ковид при прес-конференции


  Преполната мала сала со новинари и сниматели на денешната прес-конференција на македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, многумина ги остави во загриженост од опасноста да стане жарите за ширење на короната. Половина од новинарите и не носеа маски. Владата очигледно не го пресмета доволно медиумскиот интерес за прес-конференцијата. Таа требаше да […]

Ракетен пораст на новозаболени во Македонија – 2.269


  Пандемијата и Омикрон сојот незапирливо се шират и во Македонија – дневните бројки на нови инфекции за прв пат надминаа две илјади. Во последниве 24 часа има 2.269 нови случаи на корона вирусот од 7.038 тестови. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци изнесува 32,2 отсто.  Голема е бројката и на починати лица – […]

Владата го утврди бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година


Владата попладнево на трета седница донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности. Како што информира  владината прес-служба, со одлуката бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, […]

Рекордни 2.269 заразени со корона вирус во Македонија и вкупно 24 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, […]

Ковид-19: Рекорден број на новозаразени во регионот


Епидемиолошката состојба во земјите од Западен Балкан е влошена, а посебно е тешко во Словенија, Србија и Хрватска, каде денеска се евидентирани рекорден број на новозаразени. Србија денеска евидентираше рекорден број на новозаразени со коронавирус – 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци, соопшти Министерството за здравство, откако претходно денеска премиерката Ана Брнабиќ најави дека бројот […]