Осветлен влезот на Ајватовци со ново улично осветлување 


Во населеното место Ајватовци во Општина Илинден поставена е нова линија на улично осветлување со штедливи лед светилки, во должина од 600 метри, пришто осветлен е влезот и улица „1” во ова населено место. 

Поставувањето на осветлувањето на Општина Илинден се спроведува во рамките на проектот „Илинден-Светла Општина” кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.

Екипите на ЈКП „Илинден”, покрај активностите за поставување на нови линии за улично осветлување вршат и докомплетирање на постојните линии, како и интервенции за отстранување на оштетените сијалични места при што се вградуваат нови. 

Општина Илинден и ЈКП „Илинден” и во наредниот период ќе продолжат со поставувањето на нови линии во сите населени места, со цел посветла Општина Илинден.