Жителите на Сирково го блокираат регионалниот пат Градско-Прилеп – бараат пристап до новиот пат


Жителите на Сирково денеска од 10 до 12 часот ќе го блокираат регионалниот пат Градско-Прилеп, изразувајќи незадоволство поради тоа што нема приклучок кон новиот пат кој е во изградба. Ќе бидат пропуштани само возила на Итната медицинска помош, полицијата и Армијата.

-Новиот пат се гради на околу двеста метра од нас, а ние ќе мораме да вртиме со километри за да се приклучиме. Има услови за изградба на приклучок. Со овој протест сакаме да ги повикаме надлежните позитивно да одговорат на нашето барање, изјави денеска претседателот на месната заедница Сирково, Веле Коцев за МИА.
 
Проблемот е од 2015 година, а денес жителите на Сирково добиле известување дека нивното барање за приклучок не е прифатено, како и она за целосно асфалтирање на двата пристапни патишта кон селото, коишто ги користи механизацијата.

Претходно, на неколкупати тие ја блокираа механизацијата што работи на патот, пред селото.