Со раззеленување, градежна офанзива и поправка на покриви се пофали Герасимовски за првите 100 дена
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го престави сработеното во првите 100 дена од мандатот. Неговата прва активност како градоначалник на општината беше отпочнување на постапка за отворање нова комунална дејност на ПОЦ, како клучно барање на граѓаните во предизборниот период. „При стапување на функцијата веднаш се зафатив со отпочнување на постапката за отворање […]