Променливо облачно и повремено дожд


Времето прeтпладне ќе биде облачно, на југоистокот на места со слаб дожд. Попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 4, а максималната ќе […]

Нови 1.222 случаи на Ковид-19, починаа 31 пациент


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.342 тестови, а регистрирани се 1.222 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 649, Битола – 61, Тетово – 56, Куманово – 55, Велес – 50, Кавадарци – 49, Гостивар и Прилеп – по 35, Струмица – 34, […]

Тренчевска во посета на две еднородителски семејства во Штип


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска посети две еднородителски семејства во Штип, со кои разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат, како и ефектите од социјалната реформа со која се промени целосно пристапот кон ранливите категории граѓани. Како што соопшти МТСП, таа истакна дека социјалната реформа креирана со цел унапредување […]

Град Скопје со помош за организации кои работат на социјална и детска здравствена заштита


Град Скопје го објави Јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година. Во рамките на овој повик, проектите кои ќе бидат поддржани од страна на Градот Скопје, треба да се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во […]

Министерот Спасовски и директорот на БЈБ Тасевски на ручек со семејствата на загинатите припадници на полицијата 


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавнa безбедност Сашо Тасевски денеска ги посетија децата и семејствата на загинатите припадници на полицијата во одморалиштето на МВР во Пониква, Кочани, каде имаа  заеднички ручек и дружење во рамки на неколкудневниот престој на децата во одморалиштето. На средбата, министерот Спасовски изразил задоволство што […]

„Нашите права не смеат да бидат табу тема“ – прв протестен марш посветен на самохраните мајки


Животот на еден самохран родител во државата носи со себе огромни предизвици. Поради игнорантскиот однос од страна на државата, сите политички гарнитури од последната деценија и системски промени за целната група самохрани и еднородителски семејства, утре првпат во државата ќе се организира протестен марш посветен на самохраните мајки, гневни од условите што ги нуди општеството, […]

Вратите на АНБ отворени за најдобрите студенти 


Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски и проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност-Скопје остварија работна средба на која се разговарало за имплементација на Меморандум за соработка меѓу двете институции. Како што соопштија од Универзитетот „Св.Климент Охридски“, била истакната заедничка заложба и интерес за унапредување на соработката […]

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови


Во 7 часот утрово најмногу снег 30 сантиметри има во Маврови Анови, 22 на Попова Шапка, 15 сантиметри Крушево, 10 Пожаране и три сантиметри во Ѓуриште. Најстудено со -6 степени се измерени во Берово, -4 Битола, Тетово, Попова Шапка, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Маврови Анови, -2 степени во Штип, Претор, Дебар, -1 во Охрид, […]

Активни 11.727 Ковид случаи, според надлежните, вакцинацијата е најдобра заштита


Активни се 11.727 Ковид случаи во државава од кои најголем број 7081 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје при направени 3.996 тестови, регистрирани се 1.348 нови случаи со КОВИД-19, 11 починати и 1 247 оздравени пациенти. Од вкупно 1.348 нови случаи регистрирани се 196 реинфекции. Продолжуваат апелите на надлежните […]

Облачно со северен ветер, температурата до 14 степени


Времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 12 февруари 2022 година, 43-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 322 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 35 минути, а ќе зајде во 17 часот и 1 минута. Денов трае 10 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Си-Ен-Ен објави приказна за Пендаровски и Ембла: Претседателот го одведе детето на училиште


Потегот на претседателот Стево Пендаровски со посетата на семејството на малата Ембла Адеми, како и одењето со неа во основното училиште „Единство” во Гостивар, беше одбележан и со сторија што ја објави Си-Ен-Ен. Сторијата со наслов: „11-годишно девојче со Даунов синдром било малтретирано, поради што претседателот на нејзината земја ја одведе на училиште“ беше објавена […]

Формалниот образовен процес не учи на вештини за претприемништво


Формалниот образовен процес не им нуди на младите соодветна можност за стекнување на знаења и вештини за претприемништво, а постои и јасен недостаток на практично и искуствено учење, како и учење за тимска работа. Самото образование пак, игра пасивна и маргинална улога во идеолошките ставови. Ова се клучните наоди од истражувањата на Младинскиот образовен форум […]

Утре без вода неколку улици во Кисела Вода


Прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат дел од корисниците од општина Кисела Вода. -Без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците: „Киро Крстевски“, „Вера Јоциќ“, дел од улиците „Иван Козаров“, „Божидар Аџија“ и улица „Георги Димитров“, информира јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Корисниците ќе бидат без вода поради дефект на улицата „Киро Крстевски“ […]

Украина побара од Русија во следните 48 часа да ги објасни своите воени активности


Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска изјави дека неговата земја побара од Русија во рок од 48 часа да ги објасни своите воени активности во областите во близина на границата со Украина. Кулеба на Твитер напиша дека Киев официјално почнал механизам за намалување на ризикот во согласност со параграфот III од Виенскиот документ и […]

ВМРО-ДПМНЕ ги повторува оценките на Груевски – признанијата на вина биле „политички терор“


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне преку соопштение ги повтори оценките на Никола Груевски дадени од Будимпешта дека признанијата на неколкутемина негови блиски соработници биле „брутален политички прогон“ и дека тоа го направиле за да се спасат од притисок. Меѓу тие што признаа вина се Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер и Миле Јанакиески.   „Денешните признанија во судскиот […]

Нови 1.348 случаи со Ковид-19 и 196 реинфекции, пријавени 19 починати лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи со КОВИД-19, 11 починати и 1. 247 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, МЗ информира дека пријавени се дополнително осум починати лица. Од […]

Стипендии во рамки на Словачката билатерална програма за соработка за академската 2022/2023 година


Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката билатерална програма за соработка (Slovak Bilateral Scholarship Programme), за академската 2022/2023 година. – Македонската и словачката страна ќе разменуваат студенти во рамки на акредитирани студиски програми од прв, втор и од трет циклус на високо образование, во вкупно времетраење од триесет месеци годишно. […]

Се гради колекторски систем во Миладиновци


Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци,  каде во тек е изградба на колекторскиот систем во должина од 700 метри, кон кој ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства на фекална канализација. Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица во ова населено место.  Вредноста […]

Од 27 март редовна авиолинија Софија – Скопје


Од 27 март ќе почне да сообраќа редовната авиолинија Софија – Скопје. Цената на билетот треба да ја одреди сопственикот на компанијата „Гуливер“ со чии авиони ќе се реализираат летовите. Претставниците на скопскиот и софискиот аеродром денеска во Скопје имаа средба со сопствeникот на „Гуливер“ на која присуствуваа и министрите за транспорт и врски на […]