Министерство за правда ќе инсталира ИКТ опрема во пет основни судови


Министерство за правда најави дека од денеска почнува  со процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови, како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството. По тој повод денеска во Основниот суд во Кавадарци во 13 часот ќе се одржи настан на кој ќе се обратат министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на […]

Времето утре посончево, од петок попладне и за викенд облачно и постудено со дожд и снег


Времето утре ќе биде посончево и суво време со слаб доумерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од нула до минус 10 степени, а дневните од 2 до 12 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од петок попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи […]

Град Скопје ќе бира членови на Иницијативен одбор за конституирање Собрание на млади


Град Скопје објави јавен повик во дневните весници Слободен печат и Коха, како и на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, за избор на членови за формирање Иницијативен одбор, кои ќе бидат дел од иницијативата за создавање Локален младински совет на Град Скопје. Иницијативниот одбор ќе биде составен од 3 члена. Младите лица коишто сакаат […]

Општина Кисела Вода објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија на граѓани


Во контекст на начелата за зајакнување на соработката со здруженија на граѓани и фондации кои со својата стручност учествуваат во развојот на општината, Општина Кисела Вода објави јавен повик за нивна финансиска поддршка, велат од општината. Локалната самоуправа ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација […]

Општина Центар ја продлабочува соработката со САД


Општина Центар реши да ја продлабочи соработката со Соединетите Американски Држави, а за таа цел беше остварена средба меѓу градоначалникот, Горан Герасимовски и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз. Градоначалникот Герасимовски на амбасадорката Брнз ѝ ги претстави своите програмски заложби и планови, меѓу кои и заложбите за чист, зелен и еколошки Центар и […]

ПОЦ нема да го поевтини паркирањето за да не го зголемува сообраќајниот хаос


Наспроти одлуката на Град Скопје, „Паркинзи на Општина Центар“ нема да го следи примерот на „Градски паркинг“ и не планира да направи корекција на цените за паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува. „Политиката за намалување на цените за паркирање, според нас, е погрешна, бидејќи тоа ќе доведе до зголемување на бројот на возила во централното […]

Поликлиниките „Ремедика“ и „Железара“ како и клониката за хематологија и трансфузиологија без вода


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека на ден 02.03.2022 поради замена на затворач ф-125мм на „Коце Металец“ 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул „Коце Металец“ (од број 1 до број 13 и од број 2 до број 82) и дел од ул. „Душан Тасковиќ“, вклучително и „Ремедика“ и поликлиника „Железара“. Водоснабдувањето […]

Почнуваат карневалските празнувања во Струмица


Со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот на карневалистите вечерва во Струмица почнуваат осумдневните карневалски празнувања, кои ќе траат до 9 овој месец. По предавањето на клучот ќе се одржи промоција на монографијата „Струмичко чудо“ и ќе се доделат благодарници на карневалски групи, спонзори и институции кои дале придонес за Струмичкиот […]

Одлуката за избор на Талат Џафери од 27 април на седница на Уставен суд


Уставниот суд на денешната седница, меѓу другото, ќе расправа по иницијативите поднесени на Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија, бр.08-1108/1 од 2 мај 2017 година („Службен весник на Република Македонија” бр.53/2017), донесена од Собранието на Република Македонија. Подносители на иницијативите, како што информираат од Уставниот суд, се Тодор Петров од Скопје, […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 2 март 2022 година, 61-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 304 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 9 минути, а ќе зајде во 17 часот и 23 минути. Денов трае 11 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Комисијата за заразни болести ќе расправа за епидемиолошката состојба


Комисијата за заразни болести, според најавите, денеска ќе одржи состанок, на кој ќе се расправа за епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во земјава. Последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека во државава се активни 3431 Ковид случај, од кои 1840 се во Скопје. Од ИЈЗ вчера информираа дека се намалува бројот на заразени, […]

Променливо облачно и студено


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната од 2 до 9 степени целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб […]

Генчовска на граница ќе ги дочека евакуираните Македонци од Украина


Министерката за надворешни работи на Бугарија ,Теодора Генчовска, вечерва, ќе ги пречека евакуираните бугарски државјани од украинските градови Киев и Одеса, кои на  границата на Бугарија со Романија се очекува да пристигнат околу 21 часот, соопшти прес-центарот на бугарското МНР. Во четири автобуси и во автомобилите на амбасадата во Киев има околу 200 лица – […]

Македонија барала од парите на ЕУ за украинските бегалци


Како одговор на ескалацијата на кризата во Украина, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен  објави дека ќе има „најмалку 500 милиони евра од буџетот на ЕУ за хуманитарна помош. Најавата за финансирање доаѓа во време кога кризата во Украина се заканува да стане најголемата бегалска криза на континентот овој век. Според последното броење […]

Нови 476 случаи со ковид-19 – пријавени 17 починати лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, […]

Поскапата струја за Битола фрла искри меѓу Коњановски и Петровска


  БИТОЛА – Поскапата струја ги „јади“ парите за капитални проекти во Битола, објаснува новата локална самоуправа, додека екс-градоначалничката Наташа Петровска возвраќа дека ЛЕД осветлувањето на улиците што таа го спроведе во својот мандат им е олеснителна околност и претставува значителна заштеда на средства. „Уште на првата седница на Совет која итно ја свикавме побаравме […]

Пациентите со механичка поддршка на срце бараат ослободување од партиципацијата за лекување


 Пациентите со механичка поддршка на срце повторно бараат од Министерството за здравство ослободување од партиципација за лекарските прегледи, потврди претседателот на националното здружение „Храбро срце“ Васко Јолески. Тој посочи дека пред неколку месеци добиле ветување од претходниот министер за здравство Венко Филипче и тогашниот премиер Зоран Заев, дека од 1 јануари годинава, нема да плаќаат […]

Одбележaна 28-годишнината од формирањето на армискиот Баталјон на специјалните сили


Со формирањето на специјалните сили се означи и почеток на професионализација на Армијата која денес е целосно спроведена и секогаш подготвена да биде гаранција на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска при денешното обраќање на одбележувањето на Денот на баталјонот на специјалните сили на Армијата. Баталјонот за специјални […]

Нови, пониски цени за паркинг во Скопје


ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните и своите корисници дека од денес се воведуваат нови цени за паркинг услугите на зонско. Новите, намалени цени се однесуваат на час паркирање и ќе важат за сите зонски паркинзи со кои стопанисува претпријатието. Новите цени се: Зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, Зона А […]

Почнува постапката за изградба на пречистителна станица во Скопје кај Трубарево


Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ годинава започнуваат со реализација на проектот за изградба на Пречистителна станица за третман на отпадни води – Скопје, како најголем еколошки проект за Скопје и скопјани, проект во вредност од 136 милиони евра. Со проектот ќе се прочистат 90% од водите во градот. Денеска во просториите на ЈП […]