Сончево и ветровито, од утре дожд и снег


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 3 март 2022 година, 62-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 303 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 8 минути, а ќе зајде во 17 часот и 24 минути. Денов трае 11 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка


Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економската криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка, јави дописникот на МИА од Белград. -Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас […]

Предавања во Планетариум на 3 и 4 март со Скопско астрономско друштво


Скопско астрономско друштво се враќа со серија предавања во Планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје кои ќе се одржат на 3-ти и 4-ти март во два термини, од 19 и 20ч. На предавањата, присутните ќе можат да видат симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Предавачот Радан Митровиќ ќе ја запознае […]

Привршуваат подготовките за прилепскиот Карневал „Прочка 2022“, учествуваат над 500 маскирани


Прилеп е подготвен за карневалот „Прочка 2022“, по двегодишна пауза на манифестацијата. Досега се пријавени преку 500 учесници, а прилепските мечкари, заштитната маска на Карневалот ги сошија костимите со нови кожи, вложувајќи во вековната заштитна карневалска маска, прогласена за нематеријално богатство од Министерството за култура. В недела напладне во центарот на Прилеп ќе дефилираат бројните […]

Тупанчески: Онлајн судењата стануваат реалност и за македонското судство


Министерот за правда Никола Тупанчески беше дел од денешниот промотивен настан „Отпочнување на процесот на инсталирање ИКТ опрема во пет основни судови, како дел од Оперативниот план за дигитализација на правосудството“, на кој заедно со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, дале свои видувања за овој чекор што го прави македонското судство. – […]

Нови 457 позитивни случаи на Ковид, девет починати


Во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни,  регистрирани се 74 реинфекции. Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува […]

Петличковски: Анализите покажуваат многу солиден имунитет врз основа на вакцинацијата


Според првичните податоци од истражувањето што го спроведе Комисијата за заразни болести за колективен имунитет, анализираните 920 примероци за Скопје укажуваат на многу солиден имунитет врз основа на вакцинација. – Над 85 посто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон Ковид. Не можеме да збориме за ефикасноста, но можеме да го детектираме дека постои. Од […]

Останува носењето на маски во училиштата


Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дискутирала за укинувањето на мерката носење маски во училиштата со цел заштита од Ковид-19. Како што информира портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција по состанокот, состојбата во училиштата е постабилна и би имало потреба од нов скрининг доколку се укине мерката. – Во однос на […]

Северна Македонија подготвена да прифати бегалци од Украина


На предлог на Министерството за надворешни работи Владата денеска на седница ја усвоила Информацијата за состојбата со граѓаните на Северна Македонија во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава. -Согласно одлкуката на Владата, највисоки ресорни институции се задолжуваат во најскоро време да достават информација […]

Анксиозност, агресивно однесување… како ковид пандемијата влијаеше врз младите


Ковид пандемијата ја истакна важноста на менталното здравје особено кај адолесцентите, а социјалната дистанца и недоволната информираност помеѓу институциите како пречки при решавање на проблемот со психичкото здравје кај младите. Ова беше споделено на денешната панел дискусија на која беше презентиран документот кој содржи мерки и предложени пристапи за донесителите на одлуки кои го засегаат […]

Уставниот суд укина членови од Одлука на Општина Ѓорче Петров поврзана со домашни миленици


Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница ги укина членовите 75 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, и 8 од Одлуката за измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, донесени од Советот на […]

Укинување на сертификатите за влез во моловите, препорачува Комисијата за заразни болести


Комисијата за заразни болести препорача укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите, односно онаму каде што не е задолжително носење маски. – Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите, односно каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување […]

Во Битола доделен грант од Јапонија за набавка на ултразвучен ехо-апарат


Амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори на средба со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Билјана Гагачовска потпиша договор за доделување грант од ГГП-програма за мали проекти и човекова безбедност. Со потпишување на договорот, 52.799 евра се доделуваат на ЈУЗ Клиничка болница-Битола за набавка на ултразвучен ехо-апарат кој ќе се […]

Нова вело и пешачка патека на булeварите „Србија“ и „Видое Смилевски Бато“


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов извршија увид во градежните активности за изградбата на велосипедска и пешачка патека на булевар „Србија“, како и на продолжувањето на пешачката патека на булевар „Видое Смилевски Бато“. – Утврдено е дека градежните […]

Судиите и советниците во Уставниот суд приоритет ќе даваат на постарите предмети


По насока на претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, на сите советници и судии во ова институција им е укажано приоритет да даваат на постари предмети и да внимаваат на времетраењето на постапката, а дополнително пред повеќе од четири месеци е побарано од советниците на Судот да достават информација за сите […]

Галуп: За 60 отсто од македонските граѓани заканата од Ковид-19 е претерана, половина веруваат во ефикасноста на вакцините


Две години по првите случаи на Ковид-19, луѓето се чини дека се повеќе се навикнаа да живеат со пандемија. Меѓутоа, глобалното јавно мислење сега изгледа покритично кон идејата за жртвување на човековите права (намалување за 10 процентни поени), иако сè уште преовладува подготвеноста да се жртвуваат човековите права во борба против вирусот. Сомнежот во ефикасноста […]

Османи: Семејството со новороденче е извлечено од Харков, очекуваме денеска да ја напуштат Украина


Семејството со новороденчето е извлечено од Харков, не се излезени се уште од Украина, но се безбедни, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, образложувајќи дека тоа е долг пат којшто треба да се помине низ безбедни коридори. Додаде дека се во комуникација и оти очекуваат денеска да ја напуштат Украина. – Денеска уште […]

Шведска донираше вредна опрема наменета за мерење на квалитетот на воздухот


Денес и официјално на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) му е предадена опремата наменета за мерење на квалитетот на воздухот во вредност од повеќе од 300 илјади евра, обезбедена во рамките на поддршката на Шведска во подобрувањето на квалитетот на воздухот во Северна Македонија. Покрај тоа, Шведска и финансиски ја помогна соработката […]

Симовски: Резултатите од Пописот кон крајот на март, нема простор за сомнеж во податоците


 Резултатите од Пописот ќе бидат соопштени кон крајот на март. Тие сè уште се предмет на обработка, бидејќи се работи најпрофесионално, според меѓународни стандарди за ваков вид статистички операции, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Во интервју за Нова ТВ, Симовски вели дека крајниот рок за објавување на резултатите од Пописот е 31 март 2022 година, што […]