Првата дама Ѓоргиевска учествуваше во подготовката на храна за социјално ранливите категории


Во дворот на резиденцијата на претседателот вчера се организираше готвење на оброци заедно со иницијативата Ретвитни оброк. 

Оброците се наменети за нашите сограѓани од социјално ранливи категории, на кои Ретвитни оброк со години им помага за полесно да ги поминат тешките денови. Вообичаено оброците се готват во петок, а во сабота им се делат на граѓаните кои имаат потреба. 

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска повеќе пати има волонтирано за Ретвитни оброк во подготовка на оброци. По повод нејзиниот роденден (6 мај) таа реши заедно со неколку свои пријатели, да ги покани да донираат заеднички да го одбележи роденденот со подготовка на солидарни оброци.