Родителите утре излегуваат на протест-игралиштето во „Киро Глигоров“ да остане на учениците


Фото: Б. Грданоски

Родителите на учениците во основното училиште „Киро Глигоров“, во скопски Капиштец утре најавија протест против, како што велат комерцијалното отуѓување на игралиштето.

-При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата назаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови.

БАРАМЕ:

1. Итно стопирање на градежните активности

2. Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)

3. Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.

4. Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, велат во соопштението родителите на учениците во ООУ „Киро Глигоров“