Нови 77 случаи на ковид, нема починати
Во изминатотото деноноќие се регистрирани 77 случаи на Ковид-19 од направени 1.084 тестови. Нема починати, а оздравени се 101 лица.
Од вкупниот број нови случаи, во Скопје позитивни се 29, Битола – 20, Прилеп, Велес, Гостивар и Охрид – по 5, Тетово – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кочани, Струга и Гевгелија – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 310.140, бројот на починати е 9.284, а има 648 активни случаи.