Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година


Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година. Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување и критериуми за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците, роковите за пријавување […]

Ученици од Прилеп и од Шабац редизајнираа стара облека – заедно до одржлива мода


Да се употреби истата стара облека, од неа да се создаде ново парче гардероба, кое и понатаму може да се носи, е еден од методите за борба против хиперконсумацијата, а токму тоа го учеа и развиваа учениците од прилепското текстилно училиште заедно со нивни врсници од Стручното хемиско и текстилно училиште од Шабац. СОУ „Ѓорче […]

Герасимовски: Парк од 9000 м2 и градинка на просторот на „Треска“


Државното земјиште на локацијата „Треска“ во Центар да биде парк со големина од 9.000 метри квадратни, а да се изгради и градинка, бара градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.  „Јас уште во предизборниот период зборував дека ќе се залагам за хуман урбанизам и тоа навистина го спроведувам“, вели Герасимовски, во интервју за Локално, образложувајќи што […]

Марш за видливост на трансродовите лица


Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица ТрансФормА денеска ќе одржи марш, по повод Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица – 31 Март. -TрансФормА заедно со трансродовите лица, активистите и нивните поддржувачи се приклучува по четврти пат кон глобалната акција за солидарност со трансродовите лица, со цел намалување на насилството […]

Во Собранието закажани продолженија на четири седници


Собранието денеска треба да одржи продолженија на четири седници, на 54-та, на 30-та, на 41-та и на 66-та седница. Пратениците на продолжението на 54-та седница ќе расправаат за Предлог за избор на заменици на народниот правобранител, за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање, Предлог-законот за гаранција на […]

До сабота променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и ветер


Времето ќе биде облачно, уште од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 31 март 2022 година, 86-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 279 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 56 минути. Денов трае 12 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Избрани нови членови на МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа денеска за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки,  Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки. За дописни членови на МАНУ се […]

Ромски семејства се соочуваат со присилно иселување од прифатниот центар во Визбегово


Хелсиншки комитет за човекови права денеска информира дека неколку ромски семејства се соочуваат со враќање во состојба на социјален ризик, откако добиле решение од Министерството за труд и социјална политика да го напуштат привременото живеалиште во прифатниот центар во Визбегово. Тие се сместени во привремените живеалишта од 2018 година, а дотогаш живееја на отворено, под […]

Македонската дијаспора „стопена“ од бојкотот


Големата разлика  во процентот на Македонците и на Албанците во вкупното население, по сѐ изгледа, е штетата што ја направија повиците на бојкот од неодговорните партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Според податоците од пописот испаѓа дека Албанци од Македонија што живеат во странство има речиси тројно повеќе отколку Македонци – односно попишани се 172.942 […]

Судски совет постапува по случајот „Палермо” за судијата Лазар Нанев


Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на судијата Лазар Нанев на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Италија и Северна Македонија, информираат од Судскиот совет. – Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, Советот […]

Се повеќе станови, се помалку жители во Македонија


Масовната урбанизација се потврди и на пописот, што е една од најкорисните информации на оваа статистичка операција. Според објавените податови од Државниот завод за статистика  во Македонија има вкупно 839.174 станови  и споредено со 2002 година нивниот број е зголемен за 141.031  или 20,2 отсто.  Што значи иако бројот на жителите се намалил значајно, бројот […]

Комисијата препорачува и средношколците да не носат маски и да одат на екскурзии


Комисијата за заразни болести на денеска одржаниот состанок одлучи да даде препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, изјави портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. Посочи дека се уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носат маски. – […]

Македонците во Македонија – 58,48 проценти, Албанците 24,3 отсто


Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски оцени денес дека успешно и  професионално е спроведен пописот во 2021 година и дека податоците се објавуваат во рекорден рок. Според него вкупниот број на жители е 2.097.319 лица, од кои резидентни 1.836.713 лица. Вкупно  нерезиденти се  260.606 лица. Од резидентните лица  58,44 се изјасниле како Македонци, […]

Нови 294 случаи со Ковид-19, вкупно шест починати 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи со КОВИД-19, шест починати и 235 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 294 новозаболени од Скопје се 149, Битола 36, Прилеп 20, Кавадарци 17, Велес 11, Охрид 10, Куманово 8, Струга 7, Кичево […]

 Засадени 30.000 садници на неколку локации во Илинден


Во Општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во населеното место Миладиновци и околината, особено во делот каде имаше пожари. Акцијата за пошумување се спроведува во рамки на проектот „Зелена општина Илинден” во соработка со ЈП „Македонски шуми”, ЈКП „Илинден” како и општинската администрација. Во рамки на акцијата ќе бидат засадени  […]

МБУ веќе 16 години обезбедува квалитетно образование како основа за успешна професионална кариера


Започнувајќи со работа пред 16 години со неколку факултети и оддели, и со само 9 студенти, Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) успеа, со многу посветеност и труд вложен во образовниот процес сите изминати години, да прерасне во ценета високообразовна институција која денес е избор на околу 3.000 студенти. Основан во 2006 година од Фондацијата за образование […]

Сирковци протестираат на патот Градско-Прилеп барајќи приклучок кон брзиот пат, МТ не дозволува


Жители на росоманското село Сирково денеска протестираат на постоечкиот патот Градско-Прилеп, барајќи пристап кон брзиот пат којшто е во изградба, како и асфалтирање на пристапните патишта до селото, кои сега се користат при изградбата на новата делница. Претседателот на месната заедница, Веле Коцев потсети дека проблемот е од 2015 година и засега над 500 жители […]

За 30 пати се зголемува цената на неизграденото земјиште за колективно домување и комерцијален деловен објект


 Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии (МФ) за измена на Уредбата за приватизација на градежно државно земјиште, со што се менува висината на надоместот за приватизација на градежното земјиште во државна сопственост. Со измените, како што информираат од МФ, за 30 пати се зголемува цената на неизграденото земјиште наменето за колективно домување и […]