Левица го прашува Тимчо Муцунски – дали е градоначалник на Аеродром или министер за надворешни без мандат
„ Во општина Аеродром тревниците се неполеани, дрвата се исушени, а фонтаните за пиење вода пресушени. Дали градоначалникот Тимчо Муцунски планира да тера и понатаму надворешна политика или ќе почне да се справува со проблемите на жителите како што се недостигот на паркинг места и места во градинките, застојот во издавање решенија за легализација и друго?
Бидејќи сведочиме дека градоначалникот повеќе се занимава со надворешна политика наместо со локалните проблеми на жителите го прашуваме – дали неговата партија ги напушти позициите на реципроцитет и е подготвена да гласа за внесување на Бугарите во Уставот без признавање на Македонците во Пиринска Македонија и дали ќе го предадат Гоце прифаќајќи заедничка историја со Бугарија?
Прашуваме кога градоначалникот планира да почне да работи според мандатот кој го доби од жителите на Аеродром и кога ќе престане да глуми министер за надворешни без мандат“, вели Левица.