Утре над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат во трката Водно-Матка Треилс


Утре, 2 април ќе се одржи еднодневен спортски настан – трка во планинско трчање Водно-Матка Треилс. Настанот всушност е составен од три трки – Водно – Матка што е со должина од 40 километри, Водно Треил со должина од 27 километри и Водно ИзиРан – трка долга 10 километри. Трките се одвиваат во околината на […]

Се зголемуваат водостоите на реките, нивоата на езерата исти како вчера


Водостоите кај најголем дел од реките во земјава се пониски од просекот за април, но бележат големо зголемување на нивото во споредба со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најголемо зголемување, речиси за три пати има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, по што следат Треска на […]

Дигитализација за унапредување на средното стручно образование


Центарот за стручно образование и обука денеска промовираше дигитализација на средното стручно образование. Според заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу, процесот ќе придонесе за оспособување и олеснување на работата – и за учениците и за компаниите и менторите на нивната обука т.е. практичната настава. Пристапот до дигитални помагала, рече Алиу, значајно ќе го подобри […]

Првоаприлски насмеани шегаџии


Вештерки, супер-херои, фудбалери, принцези – денеска сите се под маски. Децата задолжително. Повозрасните – само храбрите. Први април се одбележува како Ден на шегата речиси во целиот свет. Последните две години дефилеата и прошетките на маскирани луѓе беа откажани во сите градови, заради рестрикциите на движењето, во борбата против пандемијата од Ковид-19. Годинава пак, нешто […]

Почнува исплатата на минималната плата од 18.000 денари


Од овој месец почнува исплатата на зголемената минимална плата од 18.000 денари. Се очекува околу 80.000 работници во државава да земат повисока плата за околу 2.800 денари. Зголемувањето на минималната плата беше договорено на 7 февруари на седница на Економско-социјалниот совет по неколкудневни преговори. Зголемувањето на минималецот е потпомогнато од страна на државата која ќе одвои […]

Голем првоаприлски Mask’n’Мall во Скопје Сити Мол


Главното прво-априлско случување во градот е токму во Скопје Сити Мол. Ве покануваме да дојдете со вашите дечиња или пријатели маскирани и да се приклучите на забавата по повод денот на шегата. Традиционално на 1 април денот на шегата Скопје Сити Мол организира бројни активности за малите и големи маскирани посетители, проследено со многу забава […]

Денеска без вода Аеродром и Ново Лисиче


Поради промена на шибер во пумпната станица во припор, корисниците од Аеродром и Ново Лисие, денеска ќе останат без вода од 9.30 часот, информираат од „Водовод и канализација“ Скопје. – Ве известуваме дека на ден 01.04.2022 поради промена на шибер Ф-300 мм над Пумпена станица Припор, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Аеродром и […]

Не стивнуваат реакциите по објавувањето на податоците од Пописот


Не стивнуваат реакциите по објавувањето на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, што беше спроведен во септември лани. Дел од политичките партии и вчера излегоа со забелешки на резултатите од Пописот, а дел со позитивни оценки. Опозицијата најавува електронски попис бидејќи смета дека пописот не дава реална слика на популацијата, а за партиите […]

Дневните статистики укажуваат дека Ковид-19 е присутен, рано е за целосно укинување на мерките


Состојбата со дневните статистики на новозаболени укажува на тоа дека вирусот постои и ја чека најмалата можност да се развие. Затоа се уште е рано за целосно олеснување на мерките, сметаат надлежните. Засега, укинато е носењето на маски за учениците во основните училишта и не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во отворените делови […]

Се одбележува Денот на шегата


Денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. Ова не е национален празник, но насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини. Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови, но поради пандемијата не беа организирани вакви настани.   Денот на […]

Почнува проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“


Амбасадата на Швајцарија, во соработка со УНДП МК, Министерството за животна средина и просторно планирање и локалните самоуправи во Полошкиот регион, денеска во село Боговиње  ќе го одбележат почетокот на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, проект со големи инвестиции во деветте општини во Полошкиот регион.   Како што е најавено, на […]

Облачно со повремен дожд и температура до 22 степена


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 1 април 2022 година, 87-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 278 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 57 минути. Денов трае 12 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Сали: Со реформата во примарната здравствена заштита, лекарите ќе имаат поголема палета на услуги


Со реформите во примарната здравствена заштита, лекарите од примарното ниво ќе имаат поголема палета на услуги коишто ќе ги пружаат, наместо пациентите веднаш да се препраќаат во терцијарното здравство, затоа што голем дел од секундарното здравство не функционира поради различни причини, истакна вечерва министерот за здравство Беким Сали. Тој во вечерашното гостување во емисијата „Вин-Вин“ […]

Градот Скопје ќе изработува проект за поставување на фотоволтаична централа


  Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои Планот за енергетска  ефикасност на Градот Скопје за 2022 година.  Главна цел на Планот за енергетска ефикасност на Град Скопје е постигнување повисок степен на решавање на состојбите во областа на енергетската ефикасност, а со тоа подобрување на состојбата во сферата на животната средина, заштита […]

Град Скопје и годинава ќе дава субвенции зa инвертер клима уреди


  Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање.   Советот на Град Скопје на денешната седница ја донесе Програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, со која се утврдуваат начинот […]

СОНК и Владата во понеделник на нова рунда разговори


Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков вели дека штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година. Нова рунда разговори со Владата, како што изјави, е закажана за понеделник кога […]

Силен ветер во Охрид, откорнати кров од зграда, бандера и дрвја


Откорната кровна конструкција на зграда, оштетен автомобил, падната бандера, искршени гранки…, е само дел од штетата предизвикана од силниот ветер што попладнево го зафати Охрид. Дел од кровната конструкција од зграда на улицата „Галичица“ паднала на паркинг и според жителите оштетила еден автомобил. Од Територијалната противпожарна единица од Охрид за МИА потврдија дека интервенирале на […]

Град Скопје ќе воспоставува систем за управување со отпад со општините од Скопскиот плански регион


Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за склучување на Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво. Со оваа одлука се предвидува Градот Скопје да склучи Спогодба за здружување за воспоставување систем за управување со отпад на регионално ниво со општините во рамки на Градот Скопје, […]

Зградата на РКЕ, дел од „Скопје 2014“, нема употребна дозвола, „не протекува само кога не врне“


Пратениците денеска расправаа за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 2022 година, во рамки на 54 седница. За пратениците од опозицијата, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2022 година, е неиздржан во услови на енергетска, пандемска, мигрантска и топлинска кризна состојба во државата, а регулаторите си дозволуваат […]