Словенечката амбасада организира акција за чистење на парк шумата во Гази Баба


Акција за чистење на парк шумата во општина Гази Баба – Скопје, насловена „Пријателство со природата, пријателство меѓу државите и децата – заштита на природата, храната и животната средина“ ќе се одржи денеска со почеток во 9 часот, во организиација на Амбасадата на Република Словенија, а во партнерство со општина Гази Баба и Земјоделскиот институт – Скопје.

-Целта на настанот е подигнување на свеста кај младите од основното образование за зачувување на животната средина, како и за значењето на живиот свет, преку акција за чистење на парк шумата во Општина Гази Баба од отпадоци и едукативно-интерактивни содржини на отворено, велат од Амбасадата на Словенија.

Во акцијата ќе се вклучат 50-тина деца од основно образование во општина Гази Баба заедно со нивните наставници, градоначалникот Бобан Стефковски и вработени во општината, амбасадорот на Словенија, Милан Предан, претставници од делегациите на ЕУ и ОН, како и научни работници од Земјоделскиот институт – Скопје. сх